Елена Стојановска игра балет, Антониа Гиговска најави дует со Врчак: Што прават македонските ѕвезди на Инстаграм?
- Детали
- понеделник, 19 февруари 2024
Пејачот Дарко Илиевски е на егзотично патување со сопругата, која во април треба да го роди нивното второ дете, а Димитар Андоновски и Гоца Тржан во Битола пееја на концертот за Тоше. Што прават македонските ѕвезди на Инстаграм?
Слаткар најави соработка со Тони Зен и 2 Бона.
„Спремаме нешто многу јако“, напиша тој на видеото што го објави на Инстаграм.
Антониа Гиговска одговараше на прашањата од фановите, па кога ја прашаа дали планира дует освен оној со 2 Бона кој го најавува од неодамна, таа одговори: „Со Врчак“.
Водителката Елена Стојановска се пофали дека почнала да учи да игра балет и дека со тоа си исполнила еден дамнешен сон.
„Мојата љубов во последно време. Како што гледате, нема да играм во Лебедово езеро, ама си остварив една далечна желба“, напиша таа.
Пејачот Дарко Илиевски е на егзотично патување со сопругата, која во април треба да го роди нивното второ дете.