Ламбе и Врчак по многу години повторно заедно, пееја на свадба на заеднички пријател во Охрид (видео)
- Детали
- вторник, 10 октомври 2023
„Моите молитви се остварија. Фала ти Боже вчера тоа ми се потврди. Верувам дека човекот се враќа во полн и поголем сјај. И да испишеме уште едно време и ера на македонската сцена и музика“, напиша Ламбе Алабаковски и објави видео на кое пее со Врчак.
Ламбе Алабаковски и Раде Врчаковски Врчак по многу години повторно настапија заедно и ја испеаја својата песна „Спасете ме другари“. Песната ја снимија во 2006 година, во времето кога и двајцата беа на врвот на популарноста.
Брзо потоа Врчак се повлече од сцената, а Ламбе се пресели во Америка и долго време не пееше.
Сега, тие беа гости на свадба кај нивен заеднички пријател и соработник во Охрид, па за негов мерак, но и на задоволство на сите гости на свадбата, ги зедоа микрофоните и почнаа да пеат.
„Моите молитви се остварија. Фала ти Боже вчера тоа ми се потврди. Верувам дека човекот се враќа во полн и поголем сјај. И да испишеме уште едно време и ера на македонската сцена и музика“, напиша Ламбе на видеото што го објави на својот профил на Инстаграм.
Ова е едно од ретките појавувања на Врчак во јавноста, но и еден од неговите ретки настапи во последнава деценија.
Тој во изминатиот период ја објави песната „Да ме лижнеш“, по што фановите се израдуваа дека повторно ќе почне да создава музика и да пее.
Ламбе, пак, изминатиов период сними неколку песни и одржува концерти низ градовите во земјава со музичкиот караван „Македонијо во срце те носиме“.
Погледнете го видеото:
А. Ј. | Црнобело