Миа Костова со шеговита објава ја покажа трансформацијата на телото: „Бев како ’морж на плажа‘“
- Детали
- петок, 22 декември 2023
„Секогаш, секогаш кога ќе ми пишете дека сум баш убава курпничка, помислете на сликава ’морж на плажа‘“ – Миа Костова со шеговита објава ја покажа трансформацијата на телото, но и им порача на сите да не се откажуваат во битката со килограмите.
Водителката и инфлуенсерка Миа Костова отсекогаш била отворена за битката со вишокот килограми.
Самата неколкупати има споделувано фото-споредби со кои ги покажува резултатите од напорните тренинзи, но и внимавањето во исхраната.
Сега Миа дури и се пошегува на своја сметка со искрена објава на Инстаграм Стори.
Водителката сподели две фотки – една постара пред да ослаби и една понова.
„Секогаш, секогаш кога ќе ми пишете дека сум баш убава курпничка, помислете на сликава ’морж на плажа‘“, пишува на објавата.
Со објавата, таа сака и да ги мотивира сите да не се откажуваат во битката со килограмите.
„Задоволство ми е да поттикнам кого било за промена. Знам дека ве има многу на кои и те како ви треба кураж. Затоа што секој може.
Немојте никогаш да се помирите со гојазност и со тоа дека наводно сте се ’прифатиле‘. Почни денес!“, порачува водителката.
Прочитајте и: Миа Костова со искрени фотки во долна облека - на двете има по 69kg: „Бев дебела, тромава, со милион дијагнози на кичма“
Спирова С. | Црнобело