„Баш си слатка крупничка“ – Миа Костова се потсети како изгледаше пред да ослабе и да почне да вежба
- Детали
- сабота, 21 декември 2024
„Морав да одам на свадба, се облеков едвај, ама ми се гадеше од себе. Не каснав ништо таму и за 5 месеци сум ова денес“ – напиша Миа за коментарите што ги добивала дека била слатка и крупна и направи споредба како изгледала дента кога решила дека е време да почне да слабее.
Таа секогаш е брутално искрена и не се обидува да се покрие под лажни филтри, ефекти и Фотошоп, па дури често знае да покаже и како изгледала во своите најнеславни моменти, кога не била задоволна од својот изглед.
Неодамна, Миа во подолго видео раскажа како успеала да ослабе 17 килограми со калориски дефицит и балансирана исхрана според она што нејзе најмногу ѝ одговара, а не водејќи се по конкретна диета.
Откако ја постигна посакуваната тежина, иако никогаш не била вљубеник во спортот и вежбањето, таа си ја исполни желбата еден ден да посака да стане редовен вежбач.
Миа периодов постојано споделува фотографии на Инстаграм Стори од нејзиното редовно тренирање во теретана со личен тренер и од топ фигурата која ја постигна.
Дури и во денови кога е ладно, и кога е мамурна од претходната вечер, таа се фали дека не пропушта тренинг и со тоа е мотивација за многумина кои ѝ пишуваат дека ги инспирирала да си го сменат животот.
Сепак, иако разликата е евидентна, изгледа добива многу пораки дека не изгледала лошо и со вишокот килограми, па таа неодамна се пошегува со нивните коментари, објавувајќи „пред и потоа“ фотографии за да го докаже спротивното.
„Баш си слатка крупничка... нема многу разлика.
Сликава лево е направена дента кога решавам дека ова вака не оди...
Морав да одам на свадба и некако се облеков ама ми се гадеше од сама себе. На свадба не каснав ништо, за 5 месеци бев на оваа килажа денес“ – напиша таа во описот на фотографиите.
Миа не се срами да покаже јавно фотографии од деновите кога имала најмногу вишок килограми и не изгледала совршено, со цел да им докаже на следбениците и да ги охрабри дека секој може да успее кога сака и кога цврсто ќе реши во главата.
„Мама во подобра форма од кога било“ - напиша таа за себе и дополни: „Уште еднаш! Дали можеш? Да! Мислев дека сликава нема да ја извадам никогаш ама од ова десно до ова требаат 6 месеци, лесно, брзо и едноставно, ждерење и откажување од себе. Обратното е љубов, грижа, карактер, трпение, неоткажување, истрајност, година без многу грешки и вино што се брои“.
М. М. | Црнобело