Миа Костова на плажа со -17kg: „Веќе не го кријам стомакот, а стриите се на Андрија“
- Детали
- понеделник, 05 август 2024
„Излегов од зона на криење стомак, а стриите се на Андрија и ги обожавам“ – Миа Костова го покажа згодното тело на плажа во Турција, со бикини со низок струк, откако драстично ослабе.
Водителката и инфлуенсерка Миа Костова деновиве ужива на одмор во Ердек, Турција, заедно со Тијана и синот Андрија.
На Инстаграм Стори таа сподели фотка од неа во бикини, на која се гледа нејзиното згодно тело и рамниот стомак.
Освен што е задоволна од својата тежина и изглед, таа покажа дека си ги сака стриите од бременоста, кои се сосема нормални и секоја мајка треба да си ги носи гордо.
„Со килажата излегов од зона криење стомак, стриите се на Андрија и ги обожавам“ – напиша таа на фотката.
Во јуни годинава, на патувањето во Занзибар, Миа за првпат го покажа телото во бикини без да го крие стомакот, откако ослабе 17 килограми и доби многу позитивни коментари за изгледот.
Прочитајте и Миа Костова раскажа како ослабела 17kg за 10 месеци: „Не држам диета, бројам калории - сè е во главата“ (видео)
Минатата година, тие исто така беа во Ердек, но и на Малдиви, а за споредба, таа тогаш носеше бикини со висок струк и едноделен костим за капење.
Повеќе фотки од овогодишниот одмор на Миа и Тијана во Турција:
М. М. | Црнобело