Миа Костова го трансформираше телото за два месеца: „Тежината е иста, но формата сѐ подобра“
- Детали
- вторник, 22 ноември 2022
Миа Костова докажа дека со упорност и дисциплина сè е можно и објави фотки од неверојатната трансформација на нејзиното тело, постигната по два месеца редовно вежбање. Откако претходно тврдеше дека вежбањето не е за неа, сега сподели дека тоа ѝ влијае позитивно и психички, покрај воочливите физички промени. Браво!
Водителката и инфлуенсерка Миа Костова во минатото често зборуваше за тоа дека нема волја да вежба и дека никогаш нема да се натера на тоа, но докажа дека со упорност се возможни големи промени.
Во изминатите два месеца, почнувајќи од 19-ти септември, таа сериозно се посвети на вежбањето во теретана и покажа дека дисциплината може да направи чуда, а со тоа покрај тоа што самата се чувствува подобро како што вели, ги инспирира и своите следбеници да започнат со промена.
Нејзиниот тренер Мирко Петровски објави фотки од нејзиниот неверојатен напредок и напиша:
Еден одличен прогрес во период од 2 месеци односно 60 дена. Со многу посветеност и прередовни тренинзи. Килажата на сите слики е иста, но формата на телото е се подобра! Верувајте во себе и направете промена СЕГА. Миа БРАВО и продолжуваме понатака!
Миа и самата ги сподели фотките на Инстаграм Стори и уште еднаш посочи дека на сите фотографии тежината е иста, докажувајќи дека не секогаш килограмите играат клучна улога во изгледот.
М. М. | Црнобело