Мартин од „Некст тајм“ на романтично патување во Рим со сопругата, убавата ракометарка Андреа (фото)
- Детали
- вторник, 28 ноември 2023
Мартин Филиповски, едниот од близнаците од дуото „Некст тајм“ е на романтично патување во Рим со сопругата Андреа - парот ужива во прошетките и италијанските специјалитети.
Мартин Филиповски од „Некст тајм“ е на романтично патување во Рим со сопругата Андреа.
Парот веќе неколку дена е во еден од најубавите европски градови и ужива во туристичките локации.
Тие го посетија Колосеумот, фонтаната Треви, а Мартин на својот Инстаграм сподели и фотки додека се на ручек, на прошетка низ градот, во музејот на „Лацио“.
„Утре уште поубави фотки“, напиша тој.
Пријателите, пак, освен што коментираат дека се преубав пар, им велат и да уживаат во патувањето кое ќе им донесе многу убави спомени.
Мартин и Андреа не кријат дека уживаат во љубовта. Тие се заедно од 2015-та година, а во 2022-ра тој ја запроси убавата ракометарка во интимна атмосфера.
Парот се венча во јуни 2023, и тоа прво во Кичево (11.06), родниот град на Андреа, а две недели потоа направија голема свадба во Скопје (24.06) и првиот танц го играа на дожд откако им заврна.