Жарко Димоски го прослави првиот роденден на синот - забава покрај базен во морнарски стил за Вито
- Детали
- петок, 16 август 2024
Освен на облеката во морнарски стил, актерот и неговата сопруга Андреа внимавале на сите детали, па за фотографирање со гостите имаа параван украсен со тегет и бели балони и порака: „Да отпловиме кон малку забава, капетанот Вито полни 1 година“.
Жарко Димоски и неговата сопруга Андреа вчера (15.08) направија забава за 1-иот роденден на синот Вито.
Актерот и неговата сакана се решија за тематска забава во морнарски стил, покрај базен.
За роденденот, малиот Вито беше дотеран во бело-тегет облека во морнарски стил, а ист таков фустан избра и Андреа.
Жарко, пак, носеше бели панталони и маичка, а изгледот го дополни со морнарска марама околу вратот и тегет-бели еспадрили.
Освен на облеката, тие внимавале и на бројните детали, па така, гостите се сликаа покрај параван, кој потсетува на брод, украсен со кормило и тегет и бели балони и порака: „Да отпловиме кон малку забава, капетанот Вито полни 1 година“.
За дечињата имаше и замок за скокање, но и голема бела мечка, која ги забавуваше.
Пред крајот на забавата, Вито со своите родители ја дувна свеќичката со бројот 1, а Андреа и Жарко на Инстаграм Стори споделија неколку фотографии и видеа, кои ги направија дел од гостите.
Погледнете ги фотографиите:
А. Ј. | Црнобело