Мартин од „Некст Тајм“ со емотивна објава по повод раѓањето на ќерката: „Светот во раце“
- Детали
- среда, 23 октомври 2024
„Добредојде Лиана“ – порача Мартин Филиповски од „Некст Тајм“ на својот Инстаграм профил.
Тој и сопругата Андреа, ги објавија убавите вести дека ќе станат родители уште во мај годинава, а за време на целата бременост ретко споделуваа нови фотки.
Денес, на 23.10. Мартин ја објави првата фотка на Инстаграм, на која се гледа како ќерката му го стиска палецот и до неа напиша:
„Светот во раце. Добредојде Лиана“ – и им откри на своите следбеници и обожаватели дека нивното семејство станало побогато за уште еден член.
Инаку, Мартин стапи во брак со ракометарката Андреа, во јуни минатата година.
Тие направија црковна свадба во родното Кичево на Андреа, а потоа и прием за гости во ресторан во Скопје.
„Кога си со вистинската личност, тоа прави да ја покажеш најдобрата верзија од себеси“ – напиша тогаш Мартин до фотографиите.
Б. С. Б. | Црнобело