„Вистинската личност ја вади најдобрата верзија од тебе“ – Мартин од Некст Тајм сподели нови фотки од свадбата
- Детали
- понеделник, 10 јули 2023
Страстен бакнеж за време на првиот свадбен танц на дожд, гости кои со чадори чекаат младите да стапат во брак пред матичар – Мартин Филиповски ги сподели официјалните фотографии од свадбата со убавата Андреа, што се одржа минатиот месец.
Мартин Филиповски од Некст Тајм, минатиот месец (24.06) стапи во брак со ракометарката Андреа, а на својот Инстаграм профил ги сподели првите професионални фотографии од церемонијата.
Мартин и Андреа направија црковна свадба во родниот град на ракометарката, Кичево, а потоа направија и свадба во Скопје, каде присуствуваа голем број роднини и пријатели на парот.
Впечатливо беше што парот својот прв танц го одигра на дожд, а на професионалните фотографии може да се види како гостите со чадори чекаат парот да стапи во брак пред матичар.
Страстен бакнеж, танц на младоженецот на тапан пред домот на саканата, младоженецот го држи фустанот на невестата – ова се само некои од моментите што може да ги видите на најновите фотки.
„Кога си со вистинската личност, тоа прави да ја покажеш најдобрата верзија од себеси“ – напиша Мартин до фотографиите.
Погледнете ги фотографиите во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело