Тамара на летување со децата во Грција – ги одведе во циркус, се возат на фотелја додека ги влече глисер
- Детали
- понеделник, 21 август 2023
Тамара Тодевска на една од фотографиите од одморот откри и дека на летување со нив е Марко Ковачевиќ, кој често споделува фотографии со Тамара, Тијана и нивните деца на Инстаграм.
Тамара Тодевска е на летување во Грција со синот Дарен и ќерката Хана. Во одморот уживаат и пејачката и нејзините деца, а дека се забавуваат, Тамара покажа на Инстаграм.
Таа сподели повеќе фотки и видеа од летувањето, па покажа како ужива во сонцето, како Дарен сам се справува со душекот додека го носи накај плажата, додека се возат на гумена фотелја, а ги влече глисер со голема брзина.
Тамара на една од фотографиите откри и дека со нив е Марко Ковачевиќ, кој е добар семеен пријател и кој често споделува фотографии со Тамара, Тијана и нивните деца на Инстаграм.
Тамара ги одведе децата и во циркус.
Ова не е прв одмор на Тамара со децата летово. Тие претходно беа на семејно летување на Халкидики со Тијана и нејзиниот син Вук.
Во меѓувреме, Тамара летово промовираше и две нови песни на српски јазик, пееше на годишнината од скопскиот земјотрес, а имаше настап и во Струмица, каде што покажа дека изгледа одлично и дека е во топ форма.