Тијана Дапчевиќ со сопругот и синот на свадба во Скопје, друштво им правеа Тамара Тодевска и мајка им Брана
- Детали
- четврток, 05 октомври 2023
„Сите сте убави и имате заразна насмевка“ – коментираат дел од следбениците на семејните фотки што Тијана Дапчевиќ ги објави од свадбата во Скопје, на која присуствуваа и сестра ѝ Тамара и мама Брана.
Тијана Дапчевиќ иако веќе долги години живее и работи во Србија, сепак не го заборава родното Скопје, каде има голем број пријатели и роднини, а неодамна се пофали на Инстаграм дека заедно со сопругот и синот биле заедно во Скопје на свадба.
„Моето среќно и спектакуларно семејство“ - напиша Тијана до фотографиите.
На фотките, Тијана гордо позираше со сопругот Милан и синот Вук, а објави фотки на кои е заедно со сестра ѝ Тамара и мајка им Брана.
Вук, кој годинава започна во прва година средно образование и иако се занимава со спорт, како неговиот татко, кој беше кошаркар, тој сепак одлучи да тргне по стапките на мајка му и одлучи да се запише на Средно музичко училиште.
„Во моментов само го интересира музиката и да креира музика, дури се пронајде во некој сосема нов жанр што се нарекува ‘фонк’ музика и станува збор за некаква електроника.
Воглавно неговата генерација се занимава со тоа и Вук стекна голем број фанови. Заврши нижо музичко училиште, и иако досега не го обожаваше премногу клавирот не значи дека тоа нема да се промени по запишувањето во средно музичко“ – изјави во една пригода Тијана.
Тој на свадбата се појави во светло син костум. Ќерката на Тамара, Хана беше вистинска мала принцеза облечена во бело невестинско фустанче.
Тамара, пак, на свадбата ја отпеа песната од Тоше Проески, „Чија си“.
Тијана доби голем број пофални коментари до фотографиите, а сите се сложни дека сите жени во нејзиното семејство се преубави и зрачат со „заразна“ насмевка.
Прочитајте и Тамара Тодевска го прифати светскиот тренд „Без веѓи“, во стилот на Ким Кардашијан и Јелена Карлеуша
Погледнете повеќе фотографии во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело