Тамара Тодевска го прифати светскиот тренд „Без веѓи“, во стилот на Ким Кардашијан и Јелена Карлеуша

По Ким Кардашијан, сестрите Џиџи и Бела Хадид, Мадона и Јелена Карлеуша, Тамара Тодевска реши да го проба светскиот тренд „Без веѓи“, па воодушеви со храбриот изглед и совршената шминка.

tamara-todevska-go-prifati-svetskiot-trend-bez-vegji-vo-stilot-na-kim-kardashijan-i-jelena-karleusha-01.jpg

Популарниот тренд на шминка „Без веѓи“, полека се прифаќа и кај нас, а меѓу првите што го промовираат е Тамара Тодевска.

Пејачката, која не се плаши да експериментира со изгледот, овојпат се дотера во црн корсет со светкаво палто и панталони, а сето тоа го дополни со совршени smokey eyes и скриени веѓи во стилот на светските ѕвезди.

„Повторно 'Без веѓи' за Тамара Тодевска и 'најзачаденото' црно, се разбира“, напиша на Инстаграм шминкерката Сим Салтирова, која се погрижи за изгледот на пејачката и објави неколку фотки и видеа од изгледот на Тамара.

tamara-todevska-go-prifati-svetskiot-trend-bez-vegji-i-sovrshena-shminka-vo-stilot-na-kim-kardashijan-i-jelena-karleusha-02.jpg

Овој тренд на голема врата го промовираа сестрите Бела и Џиџи Хадид.

Тие се појавија „Без веѓи“ на неколку модни ревии и фотосесии.

tamara-todevska-go-prifati-svetskiot-trend-bez-vegji-i-sovrshena-shminka-vo-stilot-na-kim-kardashijan-i-jelena-karleusha-08.jpg

Потоа го прифатија и Мадона, Ким Кардашијан, моделите Кендал Џенер и Никола Пелц и многу други.

tamara-todevska-go-prifati-svetskiot-trend-bez-vegji-i-sovrshena-shminka-vo-stilot-na-kim-kardashijan-i-jelena-karleusha-06.jpg

tamara-todevska-go-prifati-svetskiot-trend-bez-vegji-i-sovrshena-shminka-vo-stilot-na-kim-kardashijan-i-jelena-karleusha-04.jpg

Овој тренд во регионот го промовира српската ѕвезда Јелена Карлеуша, која на промоцијата на своите два нови албума, но и на фотосесиите и во спотовите е со избелени, скоро проѕирни веѓи.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Србинка со помош на шминка е копија на Адријана Лима Кога природната убавина ќе биде надополнета со одлична шминка, тогаш имаме вакви...
Сите нијанси на жолто - Идеи за пролетен маникир Металик или мат, нежна како банана или силно жолта... Која нијанса и стил се ваш...
Фото-докази: Како нагласените усни или очи целосно го менуваат ликот? Скарлет Јохансон, Ирина Шајк и Ева Лонгорија се дел од познатите дами кои изглед...
12 жени кои отишле во непроверен салон за убавина и зажалиле (фото) Ужасно лош маникир, шминка која личи како да ја правело дете, а не шминкер - иск...
Нагласени очи, многу руменило: Шминката од 1990-тите повторно станува хит (фото) Ако ви се допаѓа впечатливата шминка од 90-тите години на минатиот век, имаме до...
Славни дами над 50 години, кои изгледаат одлично и со шминка и без шминка Салма Хајек има 57 години, а за многумина таа е поубава со чисто, природно лице,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg