Сара Мејс и Димитар Атанасовски на егзотичен одмор во Египет - пејачката во топ форма по второто породување (фото)
- Детали
- среда, 28 јуни 2023
„Само одмор, лето, море, коктели и детски насмевки - давај животе“, порачува Сара Мејс од семејното летување во Египет, каде покажа дека е вратена во топ форма по второто породување.
Пејачката и харфистка Сара Мејс и водителот Димитар Атанасовски се на летување во Египет со ќерката Илина и синот Кирил.
Парот ужива во Хургада, во еден од хотелите на Црвеното Море.
„Само одмор, лето, море, коктели и детски насмевки - давај животе (почесто да си посакам, нека слуша Универзумот)“, вели Сара во видеото што го објави на Инстаграм.
„Преубаво си поминуваш, браво“ – ѝ остави коментар сопругот Димитар, кој се пошегува затоа што речиси и да го нема во семејното видео.
Сара, пак, со следбениците сподели и емотивни семејни моменти и објави фотка на која Илина со шишенце му дава сок на помалиот брат.
Таа покажа и дека е во топ форма откако пред скоро една година, на 29 јули 2022, го роди синот Кирил.
Ова не е прво летување на Сара и Димитар во Египет. Тие и во 2021 година беа на оваа егзотична дестинација, но тогаш ја имаа само ќерката Илина.
Погледнете го видеото:
А. Ј. | Црнобело