„Леле, морево какво е“ - Сара Мејс и Димитар Атанасовски на одмор во Хургада, Египет
- Детали
- петок, 23 јули 2021
„Море во рајот“ напиша Сара Мејс воодушевена од кристалната топла вода на Црвеното Море во Хургада.
Сара Мејс и Димитар Атанасовски со нивната ќеркичка Илина заминаа на одмор во Хургада, Египет.
Тие престојуваат во ресорт во која има аква парк и низа активности за нивната малечка, но Сара Мејс највоодушевена е од кристалната вода на Црвеното Море, кое важи за најтопло море на светот со многу богат воден свет, едноставно рај за нуркачи.
„Леле какво е морево“, напиша Сара на една од фотките и додаде дека морето изгледа нереално убаво, како да сте во рајот.
Од уживање на плажа до забава во ресортот, Сара и Димитар минуваат мигови за паметење.
Фотки од нивниот престој:
С. С. | Црнобело