Сара Мејс се стопи од емоции за роденденот на синот: „2 години медови, љубов и слаткотија“
- Детали
- вторник, 30 јули 2024
„Јас ова дете да го опишам не можам, не постојат зборови за неговата неверојатност… Тој е нова магија. Фала ти сине што нè запозна со нови нивоа на топење од љубов“, вели Сара Мејс за роденденот на синот.
Кирил, синот на Сара Мејс и Димитар Aтанасовски, вчера (29.07) наполни 2 години, а родителите му направија супер забава покрај базен, во нивната куќа.
Со многу роднини, пријатели, деца, дедовците кои беа „главни“ со внукот, Кирил имаше вистински роденден за уживање.
А од прекрасната детска забава, Сара објави неколку фотографии и се стопи од љубов и емоции.
„2 години неверојатност и медови, отклучени нови нивоа на љубов, милост, слаткотија…
Јас ова дете да го опишам не можам, не постојат зборови за неговата неверојатност… Тој е нова магија.
Фала ти сине што нè запозна со нови нивоа на топење од љубов.
Биди ни здрав и само остани Кирил“, напиша таа.
Освен Кирил, Сара и Димитар ја имаат и ќерката Илина.
Погледнете ги роденденските фотки:
А. Ј. | Црнобело