Тамара и Каролина во црни фустани на настан за годишнината од скопскиот земјотрес: „Да зборуваме за Скопје и да си го чуваме“
- Детали
- четврток, 27 јули 2023
Тамара Тодевска носеше долг црн фустан со бел детаљ и златни аксесоари, а Каролина избра краток црн фустан кој ги истакна нејзините долги нозе. Пејачките присуствува на настанот „Зборувај за Скопје – 60 години од катастрофалниот скопски земјотрес“.
Тамара Тодевска вчеравечер (26.07) настапи во Музеј на град Скопје на мултимедијалниот настан „Зборувај за Скопје – 60 години од катастрофалниот скопски земјотрес“.
Во придружба на членови од Здружението на џез музичари и слободни уметници, таа имаше одличен концерт, на кој испеа некои од македонски забавни песни, вклучувајќи ја и „Зборувај за Скопје“, посветена на градот кој во 1963 година беше разрушен од силниот земјотрес.
По концертот, Тамара објави фотки на својот Инстаграм.
„Мојот град, моите луѓе и ‘терапијата’ која му беше потребна на Скопје. Да зборуваме за Скопје и да си го чуваме“, напиша Тамара.
На една од фотографиите, таа е во друштво на Каролина Гочева. Тие го привлекоа вниманието и со изгледот, а двете избраа црна боја.
Тамара носеше долг црн фустан со бел детаљ и златни аксесоари, а Каролина избра кус црн фустан кој ги истакна нејзините долги нозе.
Каролина на настанот дојде да го поддржи сопругот Михаил Корубин, чија слика „Вечност“ беше изложена во Музејот на град Скопје.
Таа на Инстаграм Стори објави неколку видеа, вклучувајќи едно и од настапот на Тамара.
Настанот посветен на 60-годишнината од скопскиот земјотрес го организираше музичката платформа „Терапија“.
А. Ј. | Црнобело