Тамара Тодевска ја доведе линијата до совршенство - позира среќна во софистициран аутфит, по настап во Струмица
- Детали
- понеделник, 14 август 2023
Во монохроматски стајлинг, Тамара Тодевска (38) изгледа поубаво и посреќно од кога било, пејачката очигледно живее одлични мигови, како на професионален, така и на приватен план.
Тамара Тодевска во фустан со едноставен крој и со златни сандали изгледаше префинето на настапот во Струмица викендов (12/13.08) на фестивалот „Strumica Open Festival“.
Пејачката веќе неколку години интензивно работи на своето тело и со умерена исхрана и интензивни тренинзи ја доведе својата линија до совршенство.
Овојпат таа навистина изгледа совршенo.
Среќна, како на професионален план, така и на приватен план, откако донесе некои значајни одлуки, Тамара блеска, а тоа најдобро се забележува на фотографиите направени во автомобилот по настапот, каде е релаксирана и насмеана.
„Струмичани, бевте прекрасни, насмеани, распеани. Уживање беше да се пее за вас. До следна пригода“, напиша Тамара во описот на фотографиите на Инстаграм.
Тамара Тодевска во Струмица:
Нејзината нова песна „Торнадо“:
Прочитајте и Тамара Тодевска за првпат отворено проговори за разводот: „Најважно од сè е што јас излегов од тој кафез“
С. С. | Црнобело