Тамара Тодевска и Катарина Ивановска со децата на Матка: Со бротче низ клисурата, ја посетија пештерата Врело
- Детали
- понеделник, 15 јануари 2024
И покрај студеното време и температури околу нулата, Тамара и Катарина ги одведоа децата на Матка, едно од омилените места на скопјани...
Пејачката Тамара Тодевска и македонскиот модел Катарина Ивановска вчера (14.01) ги одведоа децата на зимска прошетка на Матка. Со нив беше и Лука, дечкото на Тамара.
Тие поминаа неколку часа на едно од омилените места на скопјани.
Се возеа со бротче по кањонот Матка, облечени во дебели јакни, со капчиња и покриени со ќебиња, за да се загреат.
Потоа ја посетија и пештерата Врело, а Тамара на својот Инстаграм објави неколку фотки и видеа од денот поминат со децата и најдобрата другарка.
И покрај студеното време и температурите околу нула, Катарина и Тамара сепак се забавуваа.
Пејачката и манекенката се дружат често и поминуваат многу време заедно.
Тие се дружеа и по Нова година, на Маврово, каде што Тамара имаше настап, а Катарина беше меѓу гостите.
А. Ј. | Црнобело / фото: Инстаграм