Синот Дарен ја разнежи Тамара на настап во Маврово: Го држи во прегратка, ја пее „Признавам“
- Детали
- вторник, 02 јануари 2024
Тамара Тодевска направи одлична забава во Маврово и не ги криеше емоциите кога син ѝ Дарен дојде во нејзините прегратки среде настап.
Тамара Тодевска вчеравечер (1-ви јануари) го имаше првиот настап во 2024-та, а пееше во Маврово.
Таа направи супер забава во еден од зимските ресорти кај нас, а меѓу гостите беа и нејзините најдобри другарки - моделот Катарина Ивановска и Александра, сопругата на актерот Атанас Атанасовски, која славеше и роденден.
Тие цела вечер се забавуваа и споделуваа видеа и фотографии од забавата, во која сите гости пееја со Тамара.
Но, пејачката најмногу се разнежи кога до неа дојде син ѝ Дарен. Таа го зеде во прегратка и во тој момент го испеа хитот на Маријана и Росана „Признавам“.
Тамара покажа и како се подготвувала за настапот, па сподели фотографии од студиото за шминка, каде што друштво ѝ правеше ќерката Хана.
Погледнете го видеото:
А. Ј. | Црнобело