Тамара во минималистички бикини, Тијана позира во плиткото: Сестрите на одмор во Грција со децата (фото)
- Детали
- петок, 07 јули 2023
„Ариел на апарати“, „Бут од милион долари“ – велат пријателите на Тијана Дапчевиќ, која објави фотки од семејниот одмор во Грција.
Сестрите Тамара Тодевска и Тијана Дапчевиќ и се на семеен одмор на Халкидики.
Тие уживаат на првиот крак во Грција заедно со нивните деца - Тијана е со синот Вук, а Тамара со ќерката Хана и синот Дарен.
Дека се забавуваат покажаа и преку социјалните мрежи, каде што деновиве објавуваат фотки и видеа од одморот.
„Деца“, напиша Тијана која на Инстаграм сподели неколку фотографии од семејното дружење на плажа.
На фотографиите, таа лежи испружена во плиткото, па пријателите не штедеа комплименти за нејзиниот изглед.
„Ариел на апарати“, „Бут од милион долари“ – велат во коментарите.
фото: Инстаграм
Пејачките, кои се многу блиски, често одат заедно на летување во Грција. Тие годинава заминаа на одмор откако Тијана ги заврши обврските со шоуто „Пинкови ѕвездички“, каде што беше член во жирито.
Таа неодамна откри и дека синот Вук е полуматурант, кој ќе се запишува во средно училиште.