- Check if RSS URL is online
- Check if RSS contains items
Тијана за стравовите во мајчинството: „Вук до свои 2 години зборуваше 'арапски' – никој не го разбираше“
- Детали
- среда, 24 јули 2024
„Бев загрижена, кога детето ќе прозбори. Тој зборуваше, но никој не можеше да го разбере“ – вели Тијана за синот Вук, кој, како што раскажа, почнал да зборува чисто на две години.
Тијана Дапчевиќ е позната пејачка, виолончелистка, актерка... Но, истовремено таа е и мајка на синот Вук, кој во февруари годинава наполни 15 години, а веќе тргна по нејзините стапки и почна да се занимава со музика.
И покрај големиот број ангажмани, Тијана е мајка која секогаш наоѓа време да му се посвети на својот син, а секогаш зборува отворено и за своите родителски грижи и недоумиците што ги имала како мајка.
Таа во повеќе наврати досега зборувала како со сопругот Милан го чекале Вук цели седум години, но нагласува дека вредело.
Во најновата епизода на подкастот Mamazjanije, Тијана вели дека е горда на нејзиниот син затоа што тој е самостоен, одговорен.
Но, тие како родители се грижат за него кога ќе зачекори во светот затоа што, како што вели таа, „неопходни му се филтри и методи со коишто ќе ги контролира емоциите и преголемата емпатија којашто го оптоварува“.
Она што привлече најголемо внимание е делот кога Тијана отворено зборуваше за првите две години од животот на Вик, кога тој зборувал на некој само нему познат јазик, а за кој Тијана вели дека звучел како „арапски“.
„Тој до втората година не зборуваше, воопшто. Зборуваше на ‘арапски’ јазик и се расправаше.
Тука бев загрижена, кога детето ќе прозбори. Иако тој зборуваше, никој не можеше да го разбере.
И потоа, како во оној виц, тој имаше две години кога рече: ‘Јас мислам дека сега е време да одиме во шумичката, на прошетка!’.
Мене ми падна телефонот од раце. Реков: ‘Милан, овој прозборе!’.
Тоа беше како во оној црногорскиот виц, за детето што постојано молчело, додека не кажало зошто не сакало да прозбори: ‘Па, немав никакви забелешки’“ – вели Тијана.
Погледнете го видеото од гостувањето на Тијана:
Б. С. Б. | Црнобело