Тијана Дапчевиќ: „Долго не успевав да затруднам по природен пат и кога се случи - го добив Вук, кој ми вреди за 10 деца“
- Детали
- среда, 01 јуни 2022
„Милан и јас бевме 7 години во брак, го пропатувавме цел свет и посакавме бебе. Долго не успевав да затруднам по природен пат и си реков: ‘Ако не останам трудна до септември, одам на асистирано оплодување’...“, раскажува Тијана Дапчевиќ (46) за својата борба за потомство.
Тијана Дапчевиќ (46) со сопругот Милан го има синот Вук (14), a во интервју за српскиот магазин „Informer“ таа проговори за периодот пред да го добие Вук и како се чувствувала тогаш.
Тијана во својата емотивна исповед вели:
„Отсекогаш говорев дека ќе родам машко дете, мајкин син, кој ќе личи на мене. Тоа е Вук!
Навистина е ист како мене, само граден како татко му. Но, мора да признаам и тврдоглав е и упорен на татко му.
Никогаш не се покајав што имам само едно дете. Вук ми вреди за десет деца.
Милан и јас бевме 7 години во брак, го пропатувавме цел свет и посакавме бебе.
Долго не успевав да затруднам по природен пат и си реков: ‘Ако не останам трудна до септември, одам на асистирано оплодување’.
Таа 2007 година мојата сестра Тамара Тодевска ја претставуваше Македонија на Евровизија, а јас ѝ го работев медиумскиот план. Бев концентрирана на тоа, не размислував за дете и баш тогаш затруднев.“
Целото интервју прочитајте го ТУКА!
С. С. | Црнобело