„Те сакам до аголот на вселената“: Синот на Тијана Дапчевиќ наполни 15 години (фото)
- Детали
- понеделник, 05 февруари 2024
„Сине, среќен 15-ти роденден. Мама и тато те сакаат до аголот на вселената“, пишува во описот на објавата на Тијана Дапчевиќ за роденденот на син ѝ Вук. И Тамара Тодевска му честита на внукот со објави на Инстаграм Стори.
Синот на Тијана Дапчевиќ, Вук, денес (05.02) наполни 15 години.
Познатата пејачка му честита со видео на Инстаграм кое е компликација од нивни заеднички фотки и видеа направени низ годините.
„Сине, среќен 15-ти роденден. Мама и тато те сакаат до аголот на вселената“, пишува во описот на објавата.
Во коментари има честитка и од сестрата на Тијана – Тамара Тодевска.
„15 еј… Да биде жив, голем да порасне. Го така тетка“.
Тамара сподели и две видеа на Инстаграм Стори со Вук.
„Среќен роденден теткина љубов“, пишува на едното видео, а на второто Тамара му кажува дека го сака.
Спирова С. | Црнобело