Филмско запросување на Македонка во Бодрум - Миле ја побара за жена Сандра додека нуркаа (видео)
- Детали
- вторник, 04 јули 2023
„Запросувањето се случи додека бевме на летување во Бодрум, Турција. Ми беше вистинско изненадување, не знаев дека Миле подготвува нешто“, изјави Сандра Димитрова за CRNOBELO.com.
Струмичанката Сандра Димитрова имаше филмско запросување, откако нејзиниот долгогодишпен дечко, Миле Манчев, ја побара за сопруга додека нуркаа во Бодрум, Турција.
За CRNOBELO.com, Сандра откри неколку детали:
„Запросувањето се случи додека бевме на летување во Бодрум, Турција.
Ми беше вистинско изненадување, не знаев дека Миле подготвува нешто. Во врска сме 7 години и двајцата сме од Струмица“, ни кажа таа.
Видеото од нивното романтично запросување за кратко стана вирално.
Миле на дното на морето клекнува на колено и го отвора кутивчето со прстенот, а потоа ѝ го става прстенот на раката на Сандра додека околу нив пливаат риби.
Дел од оние што го споделија на социјалните мрежи велат дека одамна не виделе нешто толку убаво и романтично, и му честитаа на момчето за идејата.
Погледнете го видеото:
Струмичанецот Миле Манчев на уникатен и креативен начин ја запроси својата девојка!Струмичанецот Миле Манчев на уникатен и креативен начин ја запроси својата девојка Димитрова Сандра. Нека им е вечна љубовта, а во продолжение погледнете како изгледаше тоа!
Posted by Strumica Denes on Sunday, July 2, 2023
А. Ј. | Црнобело