Стефан Лазаров прави свадба со Марта - бели гулаби пред црква, традиционални обичаи: „По 7 години врска ќе бидеме маж и жена“
- Детали
- сабота, 08 јули 2023
„Во врска сме скоро 7 години. Се запознавме во 2016-та година, Марта беше сè уште во средно училиште, а јас тукушто завршив. Иако сите ни викаа дека сме мали за сериозна врска, еве после 7 години ќе бидеме маж и жена“, откри јутуберот Стефан Лазаров за CRNOBELO.com.
Јутуберот Стефан Лазаров денес (08.07) прави свадба со својата сакана Марта.
Црковната венчавка беше во соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје.
Парот испочитува голем дел од нашите традиционални обичаи, како одење по невеста и слично, но најмагичен дел беше пуштањето на белите гулаби по црковната венчавка.
Пред свадбата го контактиравме Стефан кој за CRNOBELO.com откри:
„Во врска сме скоро 7 години. Се запознавме во 2016-та година, Марта беше сè уште во средно училиште, а јас тукушто завршив.
Иако сите ни викаа дека сме мали за сериозна врска, еве после 7 години ќе бидеме маж и жена.
Ја запросив на 17-ти септември 2022 во Барселона, а мислам дека поголемиот дел од вашите читатели веќе видоа како изгледаше тоа - ќе се сеќаваме засекогаш на тој момент“.
Повеќе фотографии од свадбата:
Прочитајте и Јутуберот Стефан Лазаров ја запроси девојката на стадион во Барселона: „Ова е најубавиот ден во мојот живот“
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело