Марјана од Прилеп направи 500 сармички за Св. Никола: „Ги правев 8 часа, помали се од лажичка“

„Имало години кога сум правела и до 1.000 сармички, но годинава се 500. За подготовката ми требаа околу 4-5 зелки и 1kg ориз“, вели прилепчанката Марјана, која ја подготвува трпезата за куќната слава Св. Никола.

marjana-od-prilep-napravi-500-sarmichki-za-sv-nikola-gi-pravev-8-chasa-pomali-se-od-mala-lazhichka-01.jpg

Марјана Конеска (50) од Прилеп е жена која целосно се посветува на куќната слава Св. Никола.

Таа со многу љубов ја подготвува трпезата, но и храната што ја сервира за гостите, без оглед дали се слатки или солени јадења.

Оваа година, за славата Марјана направи 500 посни сармички кои се помали од лажичка, а за да ги свитка ѝ требале околу 8 часа.

marjana-od-prilep-napravi-500-sarmichki-za-sv-nikola-gi-pravev-8-chasa-pomali-se-od-mala-lazhichka-10.jpeg

За тоа како ги подготвила сармичките, но и целата светиниколска трпеза, таа ни раскажа во разговорот за CRNOBELO.com:

„Сè што работам, го правам со љубов. Освен сармите, за славата направив и погача, пченица, колачи и многу други работи, за да ја збогатат трпезата.

Оваа година направив 500 сармички, иако имало години кога сум правела и до 1.000.

Ги виткав околу 8 часа, ама во тоа време се и паузите за кафе, сечењето на ливчињата и подготовката, па можеби активно биле 6 часа за виткање.

Секогаш тоа го правам сама, но годинава ми помогна золва ми, бидејќи имам мали проблеми со раката, а сармите мора да се стегнат цврсто за да не се одвиткаат, бидејќи се многу мали.

marjana-od-prilep-napravi-500-sarmichki-za-sv-nikola-gi-pravev-8-chasa-pomali-se-od-mala-lazhichka-02.jpeg

За овие сармички искористив околу 4-5 зелки и 1kg ориз.

Ние во Прилеп во посната сарма не ставаме ни кромид ни праз, туку ги правиме само со ориз.

Од зачини додадов малку сол, вегета, црвен пипер, бибер и малку масло.

marjana-od-prilep-napravi-500-sarmichki-za-sv-nikola-gi-pravev-8-chasa-pomali-se-od-mala-lazhichka-06.jpeg

Тајната е да не се спрема целиот фил одеднаш. Па, така, јас ставам пола од оризот во длабок сад, го зачинувам и мешам убаво со лажица за да се соединат сите состојки.

Сармите ги редам во тенџере, па кога ќе биде готов првиот ред, додека се живи, ги попарувам со масло и црвен пипер.

Потоа го правам истото со втората половина од оризот (за да не седи со зачини со часови, туку да биде свеж).

marjana-od-prilep-napravi-500-sarmichki-za-sv-nikola-gi-pravev-8-chasa-pomali-se-od-mala-lazhichka-08.jpeg

Кога ќе го наредам вториот ред, повторно одозгора ставам масло и црвен пипер.

На крајот додавам вода, за да се покријат и да може да се свари убаво оризот, ги покривам со капак или чинија и оставам да се варат околу 6 часа.

Откако ќе бидат готови, правам запршка од масло и црвен пипер, но ја ставам во чинијата каде што ги редам сармите за послужување, а не врз нив во самото тенџере каде што се вареле“.

marjana-od-prilep-napravi-500-sarmichki-za-sv-nikola-gi-pravev-8-chasa-pomali-se-od-mala-lazhichka-04.jpeg

Марјана ни откри дека годинава ќе има 15 гости на славата.

Но, вели, дека сармичките за Св. Никола никогаш не остануваат, без оглед колку и да направи, бидејќи ги обожаваат и таа, и целото семејство, и гостите што им доаѓаат.

Повеќе фотографии од славската трпеза:

marjana-od-prilep-napravi-500-sarmichki-za-sv-nikola-gi-pravev-8-chasa-pomali-se-od-mala-lazhichka-05.jpeg

marjana-od-prilep-napravi-500-sarmichki-za-sv-nikola-gi-pravev-8-chasa-pomali-se-od-mala-lazhichka-09.jpeg

marjana-od-prilep-napravi-500-sarmichki-za-sv-nikola-gi-pravev-8-chasa-pomali-se-od-mala-lazhichka-07.jpeg

marjana-od-prilep-napravi-500-sarmichki-za-sv-nikola-gi-pravev-8-chasa-pomali-se-od-mala-lazhichka-04_copy.jpeg

marjana-od-prilep-napravi-500-sarmichki-za-sv-nikola-gi-pravev-8-chasa-pomali-se-od-mala-lazhichka-03.jpeg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Љупка Митрова: „Моментот кога решив да ставам крај на бракот е моментот кога решив да почнам да се с... „Моментот кога решив да ставам крај со партнерот со кој сум поминала 15 години и...
Македонка ги откри најголемите грешки што ги прави по раѓањето на второто дете, а си ветила дека нем... „Реков нема да го научам бебето да спие во нашиот кревет, но...“, вели Зорица Ни...
Марјана Станојковска и Дејан Лилиќ блеснаа на Охрид Фест, Елена Најдоски на журка на Миконос: Што пр... Се одржа 31-вото издание на фестивалот Охрид Фест, а Марјана Станојковска уште е...
Тијана Дапчевиќ: „Тоше беше ангел на земјата, Господ си го зеде за да му пее на небото“ „Во средно Тоше свиреше на кларинет. Еден ден татко ми дошол на натпревар во учи...
Денес е „Свети Кирил и Методиј“ – Среќен именден Кирил, Кире, Методија, Менде... На 24-ти мај православните христијани го слават празникот Свети Кирил и Методиј....
Горда на родителите - Лина Пејовска (22) му ја пее „Заветна“ на уво на таткo ѝ на семејна прослава Лина со нејзиниот татко Ефто се прегрнува и во еден миг и пеат заедно. Видео со ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg