Марјана Станојковска и Дејан Лилиќ блеснаа на Охрид Фест, Елена Најдоски на журка на Миконос: Што прават македонските ѕвезди на Инстаграм?
- Детали
- понеделник, 02 септември 2024
Се одржа 31-вото издание на фестивалот Охрид Фест, а Марјана Станојковска уште еднаш докажа што значи гламур и елеганција на сцената, овој пат во придружба на актерот Дејан Лилиќ. Eлена Најдоски со златен фустан со корсет на журка на Миконос, а Антониа Гиговска без грам шминка.
Изминатата седмица Викторија Лоба прослави 2 години брак, а пак Тијана Дапчевиќ откри како ѝ поминал месец август.
Исто така, сцената на Охрид Фест уште еднаш беше доказ зошто треба да се гордееме со овој наш фестивал, а нашата Марјана повторно со холивудси гламур.
Марјана на својот Инстаграм профил напиша: „Голема благодарност до целиот тим на фестивалот на чело со нашиот драг Григор Копров и благодарам и до мојот драг колега Дејан Лилиќ со кого оваа година ја имавме водителската улога на Интернационалната вечер“.
Што правеа македонските ѕвезди на Инстаграм?
Марјана Станојковска и Дејан Лилиќ во улога на водители на интернационалната вечер на Охрид Фест
Елена Најдоски ужива на момински викенд со другарките на Миконос
Аделина Тахири на одмор
Тијана Дапчевиќ објави фотки од тоа како го поминала месец август
Викторија Лоба прослави 2 години од брак и откри како ѝ поминал август низ фотки
Дац и Александар Митевски повторно заедно на дружба
Повеќе ѕвезди на следната страница...
Би можело да ве интересира:





