Елена Најдоски на викенд со другарките на Миконос - Прават моминска забава, уживаат на плажа
- Детали
- недела, 01 септември 2024
Елена, која се забавува на женскиот викенд, повторно привлекува внимание со стилот - особено впечатлива беше комбинацијата од бел фустан со шлиц до колкот во комбинација со златни високи чизми.
Елена Најдоски викендов е на Миконос, каде со уште неколку другарки ѝ организираат моминска забава на нивна пријателка која треба да се мажи наскоро.
Водителката и инфлуенсерка ужива во женскиот викенд и на својот Инстаграм постојано споделува фотографии и видеа од тоа како си поминуваат.
Девојките, меѓу кои е и Наташа Петровска, сопственичката на студиото за убавина „Фигурела“, се чини си поминуваат одлично - уживаат на плажа, се забавуваат на дневни журки, но и на вечерните излегувања.
За сето тоа време, Елена воодушевува со стилот, а особено впечатлива беше комбинацијата од бел фустан со шлиц до колкот, кој го комбинираше со златни високи чизми.
Повеќе фотографии во продолжение:
А. Ј. | Црнобело