Најзгодните Македонки на Миконос, во омилениот бич бар на светските ѕвезди
- Детали
- петок, 26 јули 2024
Наташа Петровска и Маја Глигоровска, кои важат за едни од најзгодните Македонки, заминаа на Миконос и веднаш го посетија Nammos - бич барот кој го направи островот популарен не само кај локалците, туку и кај светските ѕвезди.
Сопственичката на студиото за убавина „Фигурела“, Наташа Петровска, и поранешната манекенка, а сега професорка, Маја Глигоровска, летуваат на Миконос.
Двете пријателки, кои важат за едни од најзгодните Македонки, времето го поминуваат во Nammos, омилениот бич бар на светските ѕвезди и едно од местата кое го направи Миконос еден од најпопуларните острови за летување.
Тие на своите профили на Инстаграм преку фотки и видеа споделија дел од атмосферата во Nammos и денот поминат на плажа.
Маја и Наташа ги покажаа и своите извајани тела во бикини, на кои може да им завидат и многу помладите девојки.
Тие вечерта беа на забава во барот Queen of Mykonos, кој е познат по одличните журки, со качување на маса и многу шампањ.
Наташа и пред неколку недели беше на Миконос, па и тогаш на Инстаграм објави интересни фотографии.
Инаку, двете дами често патуваат заедно, па во мај 2024 беа во Кан, заедно со фотографот Стефан Соколовски, а беа гости на приватната забава на модниот дизајнер Филип Плајн, но направија и неколку фотосесии.
Погледнете повеќе фотографии:
А. Ј. | Црнобело