Јутуберот Стефан Лазаров ја запроси девојката на стадион во Барселона: „Ова е најубавиот ден во мојот живот“
- Детали
- недела, 18 септември 2022
„Oва е најубавиот ден во мојот живот, искрено да ви кажам“ – рече македонскиот јутубер Стефан Лазаров во едно од видеата во кое говори за романтичното запросување што ѝ го приготвил на неговата девојка Марта во Барселона.
Стефан Лазаров е познат македонски јутубер, водител и пејач, а неговата девојка Марта објави повеќе фотографии со кои им приреди изненадување на нејзините следбеници.
Марта и Стефан се заедно околу 6 години, а според најновите фотографии објавени на нејзиниот профил можеме да видиме дека јутуберот одлучил да ѝ приреди вистинско изненадување додека биле на стадионот Камп Ноу во Барселона.
Марта сподели неколку фотографии и видеа и откри дека Стефан ѝ приредил романтично запросување додека заедно биле на фудбалски натпревар. Стефан, пак, на својот Инстаграм профил сподели повеќе фотографии од посетата на стадионот и рече дека конечно му се остварил сонот.
„Значи ова е најубавиот ден во мојот живот, искрено да ви кажам. Моментот го забележаа дури и официјалните лица што снимаат за Барселона и дојдоа ни земаа изјава“ – рече тој во кратко видео објавено во стори.
Погледнете го видеото од запросувањето:
Македонскиот јутубер околу два месеци се подготвувал за романтичното запросување и сакал сè да биде посебно и романтично.
Прочитајте и Девојката на македонскиот јутубер Лазаров е вистинска убавица (фото)
Погледнете уште фотографии:
Б. С. Б. | Црнобело