Романтично запросување на Македонка на зајдисонце во Рим со поглед на прекрасниот вечен град

„Запросувањето беше шок за мене. Пред Петар да ме запроси имавме планови, да, но не за во толку блиска иднина. Самото запросување се случи во бар со преубав rooftop, Oro Bistro. Не можам да опишам колку бев изненадена,“ вели за CRNOBELO.com Дијана (24) од Битола. 

romantichno-zaprosuvanje-na-makedonka-na-zajdisonce-vo-rim-so-pogled-na-prekrasniot-vechen-grad-01.jpg

Дијана Трајковска (24) од Битола и Петар Трајкоски (27) од Прилеп, се свршија во вечниот град, Рим на 6 јуни 2023 година.

Дијана, која е референт во финансиско друштво, и Петар, по професија машински инженер, се запознале во Битола.

romantichno-zaprosuvanje-na-makedonka-na-zajdisonce-vo-rim-so-pogled-na-prekrasniot-vechen-grad-06.jpg

Биле во врска 2 и пол години, пред Петар да ѝ подготви романтично изненадување во вечниот град и да ја побара за жена.

Неколку дена по запросувањето, Дијана вели дека тоа ѝ било вистински шок.

За CRNOBELO.com таа ја раскажа нивната љубовна приказна:

romantichno-zaprosuvanje-na-makedonka-na-zajdisonce-vo-rim-so-pogled-na-prekrasniot-vechen-grad-02.jpg

„Со Петар се запознавме во Битола, бидејќи тој работеше таму. Почнавме врска која траеше 2 и пол години пред тој да ме побара за сопруга.

Ова ми беше изненадување во целост, беше прав шок за мене. Пред да ме запроси имавме планови, да, но не за во толку блиска иднина. Затоа и бев изненадена со самиот чин.

romantichno-zaprosuvanje-na-makedonka-na-zajdisonce-vo-rim-so-pogled-na-prekrasniot-vechen-grad-05.jpg

Сè беше толку прекрасно и романтично, а се случи во вечниот град Рим. Ова е прекрасен град и многу нè воодушеви.

Самото запросување се случи во бар со преубав rooftop, Oro Bistro. Не можам да ви опишам колку бев изненадена.

romantichno-zaprosuvanje-na-makedonka-na-zajdisonce-vo-rim-so-pogled-na-prekrasniot-vechen-grad-04.jpg

Инаку, прстенот го избрал сам и точен ми е. Целата организација и изборот на прстен биле само негова идеја и никој не знаеше дека ќе се случи вакво изненадување.

Прстенот му беше скриен во малото џепче од фармерките.

romantichno-zaprosuvanje-na-makedonka-na-zajdisonce-vo-rim-so-pogled-na-prekrasniot-vechen-grad-03.jpg

Потоа ми кажа дека имал голема трема во себе, но успеал да ја совлада за јас да не дознаам ништо во врска со тоа.

romantichno-zaprosuvanje-na-makedonka-na-zajdisonce-vo-rim-so-pogled-na-prekrasniot-vechen-grad-09.jpg

Откако се вративме во Македонија им кажавме прво на нашите родители, а потоа на роднините и пријателите“.

romantichno-zaprosuvanje-na-makedonka-na-zajdisonce-vo-rim-so-pogled-na-prekrasniot-vechen-grad-07.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Македонка освои бронза на првенство во џудо и уште 4 позитивни вести што нè израдуваа оваа недела Нашиот познат кардиолог Сашко Кедев, кој е страстен алпинист, направи уште еден ...
Македонка беше запросена во хеликоптер за време на лет над Монако (фото) „Влеговме во хеликоптерот и заедно уживавме во глетката - море преполно со луксу...
Македонка со инспиративен потег - наместо да купува, веќе 3 години рачно им прави подароци на сакани... „Пред 3 години, почнав на најблиските за секој роденден и празник да им подарува...
Македонка го живее својот сон во Осло: Сопругот фудбалер шутна топка и го откри полот на бебето Ана Најдовска од Скопје веќе години наназад Норвешка ја нарекува својот дом. Там...
Македонка со драстична трансформација: Како изгледав и живеев на 35 години vs. на 50? „Ова е Гоца на свои 35 години - работичка сигурна од 08 до 16 часот, платичка на...
Матеја ја запроси саканата Драгана во Виетнам: Романтика на зајдисонце во ресторан на плажа „Мислев дека ќе ме запроси во Тајван, бидејќи пред да отидеме во Виетнам, таму ж...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg