Филмската ќерка на Никола Којо посрамотена од партнерот на црвен тепих: „Бегај од мене – оди сликај се сама“
- Детали
- петок, 21 октомври 2022
„Бегај ма од мене“ – партнерот на српската актерка Мирка Васиљевиќ направил вистинска сцена на премиерата на филмот „Комедија на три спрата“, а по брачната расправија таа застана пред медиумите и даде изјава со која се обиде да го оправда неговото однесување.
Српската актерка Мирка Васиљевиќ (32) сите ја знаеме по улогата во филмот „Ми нисмо анџели 2“, а таа деновиве се појави на премиерата на најновиот српски филм „Комедија на три спрата“, филм во кој игра легендарната Сека Сабљиќ.
На приватен план, Мирка е во врска со фудбалерот Вујадин Савиќ од 2009-та година и заедно имаат 4 деца, а српските медиуми честопати шпекулираат дека младиот фудбалер постојано ја изневерува.
Прочитајте и Гласини дека партнерот ја изневерува, 4 деца на 31 година - факти за филмската ќерка на Никола Којо од „Ми нисмо Анџели“
По синоќешната премиера се појавија нови информации за тоа како тој јавно ја понижил својата партнерка на црвен тепих.
Според пишувањата во српските медиуми, актерката имала непријатна расправија со партнерот на црвениот тепих, а тој не се срамел јавно да ѝ се развика пред сите присутни.
Според протоколот,на настанот сите присутни требало прво да прошетаат на црвениот тепих и да се фотографираат за медиумите, а потоа да влезат во салата и да ја проследат премиерата.
Наводно актерката го замолила нејзиниот партнер заедно да се фотографираат на црвениот тепих по што тој пред присутните почнал да вика:
„Бегај ма. Оди сама. Знаеш дека тоа не ме интересира.“
По ова, според српскиот портал Republika.rs, Мирка го однела својот партнер на само и се обидела да му појасни дека е пожелно да се фотографираат заедно, но тој не прифатил.
Мирка, иако имаше непријатна ситуација, покажа уште еднаш дека е одлична актерка па остана сама да позира, па и даде изјава за медиумите во кoja се обиде да го оправда однесувањето на Вујадин.
На прашањето зошто е сама и каде е нејзиниот партнер, таа со насмевка одговори:
„Па Вујадин е некој што сака повеќе да биде на зелената трева, на природни терени, а јас од мали нозе сум на црвен тепих и тоа е така“ – рече таа.
https://www.youtube.com/watch?v=RNiWE-oitoI&t
Б. С. Б. | Црнобело