Гласини дека партнерот ја изневерува, 4 деца на 31 година - факти за филмската ќерка на Никола Којо од „Ми нисмо Анџели“
- Детали
- сабота, 23 октомври 2021
По едногодишната врска со синот на познат српски нарко-бос Мирка (31), беше во врска со актерот Виктор Савиќ, а од 2009-та година е во врска со фудбалерот Вујадин Савиќ со кого има 4 деца и за кого постојано има гласини дека ја изневерува со разни жени. Таа вели дека не верува во гласините за неговите неверства.
На почетокот на овој месец (01.10) филмската ќерка на Никола Којо од филмот „Ми нисмо Анџели“, Мирка Васиљевиќ (31) го роди четвртото дете, а за српските медиуми изјави дека таа и нејзиниот партнер Вујадин Савиќ (31) се подготвени и за петто.
Српската актерка Мирка Васиљевиќ стана позната пред балканската публика по улогата на Софија во филмот „Ми нисмо Анџели 2“, ќерката на Никола (Никола Којо) што полека прераснуваше во вистинска убавица.
Сега, речиси 16 години подоцна Мирка има 4 деца, а особено внимание привлече во јавноста откако изјави дека е подготвена и за петто дете.
Мирка и нејзиниот партнер Вујадин живеат на Кипар, а таа оттаму говореше за тоа како успева мошне брзо да се врати во форма по бременоста:
„Во најмала рака подготвена сум за петто дете, ако не и повеќе. Тоа се класичните шеги што ги добивам на моја сметка. Морав брзо да се вратам во форма поради обврските околу моите три деца, што имаат домашни задачи, контролни тестови, барања.
Го немав тој луксуз да се жалам и веднаш паднав во машината. Морам да функционирам за ние како големо семејство да можеме да постигнеме сè во текот на денот“ – вели таа.
Оваа изјава на актерката следеше откако на социјалните мрежи се појави видео на коешто се гледа како таа само 10 дена по породувањето е во топ форма и игра на прославата по повод пристигнувањето на најновиот член во семејството.
Во продолжение погледнете неколку факти за неа што можеби не сте ги знаеле:
Мирка важи за една од најпопуларните српски актерки од помладата генерација, таа пораснала на малите екрани. Од 5-годишна возраст почнала да работи како дете модел и била водителка на емисијата City kids на Pink.
Во 2004-та година се појави во спотот на Тијана Дапчевиќ за песната „Земља мојих снова“.
Во 2005-та година стекна балканска слава откако се појави во филмот „Ми нисмо анџели 2“, по што следеше плодна кариера со улоги во повеќе познати српски филмови.
За Мирка се знае дека во 2008-та година околу една година била во врска со Лазар Космајац, син на контроверзниот бизнисмен, за кого се верува дека е нарко-бос Драгослав Космајац.
https://www.instagram.com/p/CDLQABzlX7H/?utm_source=ig_web_copy_link