Петар Грашо по вестите за свадба со 14 години помладата девојка: „Не сакам да ме знаат по случувањата во мојата спална соба“
- Детали
- понеделник, 14 февруари 2022
Петар Грашо наскоро ќе стапи во брак со 14 години помладата девојка и ќе стане татко, а неговата поранешна партнерка Данијела Мартиновиќ тврди дека не го прифатила трагично раскинувањето по 24-годишната врска и дека веќе ја нашла својата сродна душа.
Хрватскиот пејач Петар Грашо (45) во последните неколку месеци е топ тема во медиумите во регионот откако ја раскина 24-годишната врска со Данијела Мартиновиќ (50) и започна врска со ќерката на Тончи Хулиќ, 14 години помладата Хана (31).
https://www.instagram.com/p/CZhmuN0synb/?utm_source=ig_web_copy_link
Хана е бремена и парот веќе го очекува првото дете, а медиумите пишуваат дека тие двајцата ја закажале свадбата на 19-ти февруари годинава.
Петар беше гостин во емисијата Premijera Vikend Specijal и отворено говореше за случувањата од сопствениот живот, а неговите изјави ги пренесуваат српските медиуми.
„Се случи љубов. Љубовта треба да се случи, не треба да се планира и за љубовта не треба премногу да се говори. Тоа се некои работи што човекот треба да ги негува во себеси, а не да се расфрла со тоа.
Да, постои љубов. Да, се случува еден преубав период во животот што во тој миг ти значи најмногу и на којшто планираш да му се препуштиш и да пловиш“ – рече тој.
Грашо ги потврди информациите за нивната свадба и откри дека тој и Хана не сакаат премногу да се појавуваат во весниците и дека сè уште не можат да си веруваат зошто биле застапени на толку голем број насловни страни.
„Ќе станам татко. Благодарен сум за секој чекор што ни се случи. Малку ми е смешно што луѓето постојано ги вперуваат мобилните телефони кон нас, јас имам 25 години кариера, но очигледно на луѓето им недостасуваат малку повеќе убави приказни.
Но, и понатаму ќе се трудам да ја чувам сопствената приватност, затоа што сакам на луѓето да им бидат важни моите песни, а не мојата спална соба“ – вели тој.
https://www.instagram.com/p/CVEIAeRM-Uv/?utm_source=ig_web_copy_link