Петар Грашо и 14 години помладата девојка закажаа свадба (со Данијела Мартиновиќ 24 години беше против брак)
- Детали
- понеделник, 07 февруари 2022
„Не е важно колку брак има меѓу двајца луѓе, туку колку љубов има меѓу нив“ – Петар Грашо тврдеше дека не верува во брак додека беше во врска со Данијела Мартиновиќ, а сега планира да застане пред олтар со 14 години помладата девојка. Како го коментираше бракот во минатото?
Во последниот период хрватскиот пејач Петар Грашо (45) го привлече вниманието на публиката откако раскина со Данијела Мартиновиќ (50) и брзо ја почна врската со 14 години помладата Хана Хуљиќ (31).
https://www.instagram.com/p/CZhmuN0synb/?utm_source=ig_web_copy_link
Откако јавно беше објавено дека Петар Грашо ќе стане татко за првпат и дека неговата девојка Хана Хуљиќ е бремена, хрватските медиуми деновиве ја пренесуваат веста дека парот се подготвува за свадба.
Според пишувањата во Gloria.hr Хана е во второто тримесечје од бременоста, а иако претходно се шпекулираше дека венчавката ќе биде одложена поради светската пандемија, сепак тие веќе го закажале датумот и на 19-ти февруари годинава ќе го кажат судбоносното „Да.“
https://www.instagram.com/p/CUmyibJMzWa/?utm_source=ig_web_copy_link
Грашо во медиумите не ја крие сопствената радост за тоа што наскоро ќе стане татко, па така говорејќи за IN magazine тој рече:
„Немаше да ја прифатам улогата на татко да не бев подготвен. Воопшто не ми е страв.“
Додаде дека во иднина тој и Хана ќе се обидуваат колку може повеќе да го чуваат приватниот живот подалеку од очите на јавноста, затоа што во изминатиот период постојано се во центарот на вниманието на медиумите.
Пред да биде во врска со Хана, Петар 24 години беше во врска со пејачката Данијела Мартиновиќ и заедно важеа за еден од најскладните парови на хрватската естрада.
Често во медиумите се поставуваше прашањето кога тие двајца ќе се венчаат, а хрватскиот пејач повеќепати тврдеше дека не верува во институцијата брак како таква и дека нема намера наскоро со неговата партнерка наскоро да застане пред олтар.
„Воопшто не сакам наметнувања. Некој формулар ќе ни помогне? Нема да ни помогне, може дури и да ни одмогне. Живееме во едно веќе утврдено темпо и сметам дека не е важно колку брак има меѓу двајца луѓе, туку колку љубов има во односот меѓу двајца луѓе.
Ние имаме рок на траење, а љубовта нема, ние одлучуваме дали на љубовта ќе ѝ кажеме ’довидување‘ или нема да ѝ кажеме“ – изјави Грашо во 2016-та година.
Она што на Данијела не ѝ успеа во 24 години, на Хана ѝ успеа за само неколку месеци. Дополнително хрватските медиуми со нетрпение очекуваат да видат каква ќе биде реакцијата на Данијела откако наводно Хана избрала да стапи во брак со Петар во венчаница од омилениот бренд на неговата поранешна партнерка.
Засега Данијела не дала официјална изјава за новите случувања во животот на нејзиниот поранешен партнер, а дали ќе се огласи и што ќе каже за убавите вести останува да видиме.
Б. С. Б. | Црнобело