Бака Прасе раскина со згодната девојка по скандалите: „Амстердам ни беше проштално патување“
- Детали
- вторник, 11 јануари 2022
„И понатаму се сакаме, и на двајцата ни е многу тешко, но тоа е животот. Одењето во Амстердам ни беше проштално патување“ – српскиот јутјубер Бака Прасе потврди дека тој и неговата девојка Ања раскинале.
Српскиот јутјубер Богдан Илиќ (25) попознат како Бака Прасе во Инстаграм Стори објави дека раскинале со неговата девојка Ања Благојевиќ (21) попозната како Ања Бла.
Српскиот јутјубер Бака Прасе годината ја заврши лошо, откако најголем дел од јавноста го обвини за смртта на младата Кика Ѓукиќ (21), заради нивните јавни препирања на социјалните мрежи, па дури и беше повикан и на полициски распит.
По смртта на младата јутјуберка голем број луѓе почнаа да собираат јавна петиција за да му се одземе YouTube каналот, а неодамна објави и фотографии дека со Ања се заедно во Амстердам и дека најверојатно ќе се пресели таму.
Но, само неколку денови по објавувањето на фотографиите од Холандија, Бака Прасе и Ања ги избришаа заедничките фотографии од нивните профили на Инстаграм, по што почнаа шпекулациите дека раскинале, а веќе следниот ден српскиот јутјубер ја потврди веста.
Тој на Инстаграм Стори напиша:
„Ања и јас раскинавме… Не е никаква измама, само ете…
Едноставно дојдовме до точка каде што веќе не се сложувавме најдобро и нашата врска налета на ѕид.
И понатаму се сакаме, и на двајцата ни е многу тешко, но тоа е животот.
Одењето во Амстердам ни беше проштално патување.
Јас ќе се повлечам од мрежите на некој период додека не се приберам затоа што сега не знам што сакам во животот.
Мислев дека ќе можам веднаш да продолжам да снимам и да ’доминирам‘, но сега кога фактот дека веќе не сме заедно е сосема јасен, искрено, немам сила…
Се надевам дека ќе ја разберете мојата потреба за мир, по таквиот крај на минатата и ваквиот почеток на оваа година.
Сите ве сакам!“
Ања и Бака Прасе беа во врска од почетокот на минатата година. Тие се запознале кога таа имала 17 години, а тој 21, а иако не „кликнале“ веднаш, со текот на времето сепак започнале романтична врска.
Ања е позната фитнес инструкторка и Инстаграм инфлуенсерка, а нејзиниот профил го следат 596.000 следбеници.
Во минатото Бака Прасе и Ања говореа дека планираат заедничка иднина, па дури говореа дека сакаат заедно да имаат и деца. Ања засега нема никаков коментар за раскинувањето со Бака Прасе.
Дел од медиумите пишуваат дека постои можност оваа вест за раскинувањето да биде само обид на јутјуберот да си ја спаси кариерата откако YouTube прекинал да му плаќа за прегледаните видеа.
Б. С. Б. | Црнобело