Нихан од „Карасевда“ стана мајка - Со 11 години постариот сопруг добија син
- Детали
- петок, 07 март 2025
„Уште од детството имав чувство дека еден ден ќе имам син“ - рекла актерката, која со својот сопруг важат за еден од најскладните парови во Турција.
Турските актери Неслихан Атаѓул и Кадир Догулу вчера (06.03) станаа родители.
Неслихан, која се прослави со улогата на Нихан во популарната серија „Карасевда“ роди син.
Ова е прво дете за 32-годишната актерка и нејзиниот 11 години постар сопруг, кој на македонската публика ѝ е најпознат по улогата на Алпер во серијата „Дозволи ми да те сакам“.
Тие се венчаа во 2016-та година, откако се запознаа на снимање на серија. На почетокот беа пријатели, но пријателството потоа се претвори во љубов.
Парот неколку години пробуваше да добие дете, па кога ги дознаа среќните вести, веднаш открија дека ќе станат родители, но и полот, односно дека бебето ќе биде машко.
Тие не го открија името на синот, иако во интервју за турските медиуми Неслихан кажала дека со сопругот имаат неколку опции.
Таа изјавила и дека е пресреќна што бебето е машко.
„Уште од детството имав чувство дека еден ден ќе имам син“ - рекла таа.
Повеќе фотографии:
Прочитајте и Нихан од „Карасевда“ и 11 години постариот сопруг се најубавиот пар во Турција + дали навистина наскоро ќе станат родители?
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





