Нихан од „Карасевда“ и 11 години постариот сопруг се најубавиот пар во Турција + дали навистина наскоро ќе станат родители?

Заедно глумат во турските серии, а не се срамат да покажат дека силно се вљубени еден во друг преку објавите на Инстаграм. Неслихан Атаѓул и Кадир Доуглу се заедно шест години, а неодамна открија дали навистина ќе станат родители наскоро.

nisan-od-karasevda-i-nejziniot-11-godini-postar-soprug-se-najubaviot-par-vo-turcija-dali-naskoro-kje-stanat-roditeli-01.jpg

Турската актерка Неслихан Атаѓул (29) на македонската публика ѝ стана позната по улогата на Нихан во серијата „Карасевда“. Таа во моментов е во брак со турскиот актер Кадир Доуглу (40) од 2016-та година, а важат за еден од најусогласените турски парови и покрај 11-те години разлика во годините.

Кадир, кој на македонската публика ѝ е познат по улогата на Алпер во серијата „Дозволи ми да те сакам“, неодамна го прослави 40-иот роденден, а неговата сопруга објави повеќе заеднички фотографии на Инстаграм до кои напиша:

„Среќен роденден љубов моја. Ти си празник секој ден! Те сакам".

Возбуден и очигледно изненаден, Кадир ѝ возврати со зборовите:

„Денес дефинитивно ќе ме расплачеш...“

Објавите на парот предизвикаа големо внимание кај нивните следбеници, а беа проследени и со последователни честитки од обожавателите на двајцата.

Актерите честопати досега биле застапени во турските медиуми, каде честопати се шпекулира за тоа дека наскоро ќе станат родители.

Во текот на едно интервју месецов, познатата двојка ја негираше оваа вест, која ја нарекоа „дезинформација“. Кадир изјави дека по повод неговиот роденден тие одлучиле да разбудат една од нивните заеднички пасии, а тоа е патувањето.

„Планираме да одиме во Јужна Америка. Има многу луѓе таму кои нè сакаат. Всушност, има многу кои го научиле нашиот јазик благодарение на ТВ сериите“, рече Догулу.

За шпекулациите за бременоста на актерката, Атаѓул категорично рече:

„Не грижете се. Со задоволство ќе ве известиме кога ќе се случи тоа.”

Погледнете повеќе нивни фотографии во продолжение:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

На 62 години го запозна мажот на својот живот, го загуби по 15 години - Тажната љубовна приказна на ... „Кога во 2009 Славко се вратил во Белград од САД, наши пријатели решиле да нè сп...
Осудени родителите на детето-убиец од „Рибникар“ – 14,5 години затвор за татко му, 3 години за мајка... На денешното рочиште за масакрот од „Владислав Рибникар“ од минатата година беа ...
Србинка (77) има 35 години помлад сопруг: „Привилегија е да имате млад маж - патуваме со кампер, тој... Сопругот (41) разголен ѝ приготвува риба во кампер, таа изгледа неверојатно и на...
Ноле и Јелена Ѓоковиќ слават 10 години брак: Тенисерот ѝ посвети љубовна песна на сопругата (видео) „10 години сме како едно, ќе те сакам засекогаш“: Ноле ѝ посвети љубовна песна н...
Алекса Перовиќ чека трето дете - Се разведе пред 2 години, не го открива идентитетот на новата љубов Скоро две години по разводот, на Божиќ, победникот на „Ѕвездите на Гранд“ откри ...
Се прежени 40 дена по разводот и стана татко - Милош Тимотијевиќ на плажа со синот „Ништо не славев. Породувањето беше мошне напорно“ – изјави Милош Тимотијевиќ не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg