Владо Георгиев емотивен за роденденот на помалата ќерка, која со години ја криеше од јавноста

„Има толку многу љубов во погледот“ - му напишаа следбениците на Владо Георгиев на Инстаграм, откако објави ретки фотографии со помалата ќерка.

vlado-georgiev-emotiven-za-rodendenot-na-pomalata-kjerka-koja-so-godini-ja-krieshe-od-javnosta-01.jpg

Владо Георгиев во јавноста е познат по многуте скандали, концертите на кои доцни или доаѓа поднапиен, па се тетерави на сцената, но и по фактот што со својата сакана поканија гости „на свадба“, а потоа пред сите на матичарот му кажаа не - и продолжија да слават што не се во брак.

Парот има две ќерки, Софија и Елена, кои познатиот пејач не ги експонира во јавноста.

vlado-georgiev-emotiven-za-rodendenot-na-pomalata-kjerka-koja-so-godini-ja-krieshe-od-javnosta-07.jpg

Владо пред само неколку месеци објави прва фотка од помалата ќерка Елена, на првиот училиштен ден - во тоа време девојчето веќе имаше 6 и пол години.

Но, се чини дека и покрај бројните скандали што го следат, Владо е нежен, грижлив и посветен татко, кој си ги обожава ќерките.

vlado-georgiev-emotiven-za-rodendenot-na-pomalata-kjerka-koja-so-godini-ja-krieshe-od-javnosta-02.jpg

Тој неодамна одржа три концерти во белградскиот Сава Центар, а на еден од нив на сцената со него излезе помалата ќерка Елена.

Во долг фустан, со лакирани чевличиња и собрана коса, таа изгледа како мала принцеза.

vlado-georgiev-emotiven-za-rodendenot-na-pomalata-kjerka-koja-so-godini-ja-krieshe-od-javnosta-03.jpg

Токму тие фотографии пејачот ги искористи за да ѝ го честита роденденот на ќерка си.

„Мојата Елена денес наполни 7 години. Мојот мал живот и питома татина трошка. Мојата љубов“ - напиша пејачот во пораката на Инстаграм.

vlado-georgiev-emotiven-za-rodendenot-na-pomalata-kjerka-koja-so-godini-ja-krieshe-od-javnosta-04.jpg

Малата Елена доби многу роденденски честитки и од следбениците на татко ѝ.

А во една од нив пишува:

„Има толку многу љубов во погледот“.

Прочитајте и Пред матичарот со својата избраничка кажаа „не“, на Наташа Беквалац ѝ ја посвети песната „Лажљива“ – Факти за маестралниот Владо Георгиев

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зошто пејачот Владо Георгиев не јаде веќе 9 дена? По скандалот со апсењето поради возењето во алкохолизирано издание и со прекумер...
Опасни животни што живеат во плитките води во грчките мориња – на што треба да внимавате? Освен што треба да се пазите од виолетови медузи и дракони, треба да внимавате и...
На 62 години го запозна мажот на својот живот, го загуби по 15 години - Тажната љубовна приказна на ... „Кога во 2009 Славко се вратил во Белград од САД, наши пријатели решиле да нè сп...
Лепа Брена остава без здив во бикини на Тајланд со сопругот - згодна како млада девојка и на 64 годи... Додека закрепнува од повредата на ногата, Брена ужива на Тајланд, од каде повтор...
Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...
Не сака да гради кариера со скандали, гласини за афера со Милица Павловиќ – Факти за Мирза Селимовиќ Мирза Селимовиќ во моментов е еден од најпознатите музичари на нашите простори, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg