Данијела го инспирираше дечкото да даде отказ, Грашо ужива во семејната идила - Како некогашните партнери продолжија со животите?
- Детали
- недела, 19 јануари 2025
„Работата како инспектор не ми недостига воопшто. Во мигот кога некоја навистина стресна професија ќе започне да ви остава траг на телото, треба да направите промена“, вели дечкото на Данијела Мартиновиќ, кој почна повторно да се занимава со музика.
Хрватската пејачка Данијела Мартиновиќ (53), по разделбата со Петар Грашо, среќата ја пронајде со две години помладиот Јосип Плавиќ, а парот е во врска околу 2 години.
Јосип Плавиќ беше полициски инспектор, но изгледа врската со Данијела ја разгори креативноста во него, па си тој си даде отказ на работа и одново го собра својот некогашен музички бенд.
Со бендот Јосип издаде и сингл. Песната „На киши плешем“ дојде по 16 години пауза на бендот.
За тоа како дошло до ова и дали песната е за Данијела, Јосип проговори за хрватските медиуми:
„Не, песната не е строго наменета за Данијела, но таа откако ја слушна песната во студиото реагираше на начин што ме наговори да ја снимам.
Работата како инспектор не ми недостига воопшто. Во мигот кога некоја навистина стресна професија ќе започне да ви остава траг на телото, треба да направите промена.
Некои луѓе не го забележуваат тоа и продолжуваат понатаму, но јас направив промена.
Сакам да живеам нормален и подобар живот, правејќи ги работите кои ги сакам.
Инаку, Данијела има рокерска страна и тоа е страна од неа која луѓето не ја гледаат, но која сега испливува на површина“.