Мила од Србија го слави разводот: „8 години пекол, измами, неверства - фала Боже, готово е!“
- Детали
- понеделник, 30 декември 2024
„Никогаш не сум прочитала поубави зборови од ‘Се разведува’. 8 години одам, се враќам, 8 години собирам храброст затоа што знаев што ме чека со него во разводот, 8 години пекол, измами, манипулации, алкохол, неверства...“, гласи искрената исповед на Мила Николиќ од Србија.
Мила Николиќ од Србија е контент креатор на Инстаграм со повеќе од 50.000 следбеници и себеси на Инстаграм се нарекува „новопечена распуштеница“, a јавно говори за разводот кој ѝ се случил неодамна.
Таа вели дека разводот е најдоброто нешто што можела да го направи.
Мила искрено вели:
„Да можам би направила прослава поголема од венчавката. Ете, толку ми се згади бракот. Сега полесно се дише.
Се вратив дома и единствена дилема ми е дали госпоѓа или госпоѓица?“
Уште една нејзина изјава на тема разводот гласи:
„Распуштеница!
Никогаш не сум прочитала поубави зборови од „Се разведува“.
Се вратив меѓу своите, од таму од каде што заминав.
8 години одам, се враќам, 8 години собирам храброст затоа што знаев што ме чека со него во разводот, 8 години пекол. Топло ладно, лаги, измами, манипулации, алкохол, неверства...
Една година изгубив надевајќи се на спогодбен развод, 14 месеци чекање судот да ме разведе.
Ти благодарам Боже, готово е!
Ова е држава во која жената нема вредност. Домаќинка е нешто најопасно за вас што можете да бидете.
Немате заштита, зависите од добрата волја на вашиот партнер.
Сите зборуваат јас би си отишол, нека остане во станот, сепак ми родила дете, па нека го расте таму. Но, реалноста е поинаква. Бидете попаметни од мене. Нека јас ви бидам пример.
Што би рекле некои: „Ние нека се сакаме, но нека недвижнините се водат на мене“.
Бидете попаметни од мене мои домаќинки.
Љубовта е нешто во кое слепо верував, романтична сум во душа, сè што сакав е огромно семејство, топол дом полн љубов... Будала!
Не ги слушајте што зборуваат, туку гледајте што прават.
Не сум бесна, ниту повредена, шокирана сум колку сум била глупава.
Сега почнува мирот“.
С. С. | Црнобело