Најбурните естрадни разводи во Македонија и регионот: Неверства, обвинувања за физичко насилство

Од Елена Велевска, преку Харис Џиновиќ, до Ана и Раста - кои се некои од најбурните разводи на естрадата кај нас и во регионот?

najburnite-estradni-razvodi-kaj-nas-i-vo-regionot-neverstva-obvinuvanja-za-fizichko-nasilstvo-01_copy.jpg

Разводите не се никогаш лесни ни „убави“. Кога се во прашање познатите личности, разводите се уште полоши, бидејќи тие се во центарот на вниманието, а јавноста сака да знае сè - кој е иницијатор, дали некој направил прељуба, зошто се разведуваат.

Уште и ако бракот бил проблематичен - скандалите се загарантирани.

Кои се најбурните разводи на естрадата кај нас и во регионот?

Елена Велевска и Марјан Мирчески

Елена Велевска и нејзиниот поранешен сопруг Марјан Мирчески имаа еден од најбурните разводи во Македонија.

Пејачката се исели од нивниот дом во Охрид и се врати во Прилеп, но нивните три деца останаа да живеат со таткото.

Таа го обвини поранешниот сопруг и за физичко насилство, а тој, пак, за медиумите изјави дека не е точно и дека до пред разводот секогаш и секаде зборувала најубаво за него, а сега одеднаш го претставува како насилник.

Парот се обиде и да се смири и да си дадат уште една шанса, но на крајот, сепак се разведоа.

najburnite-estradni-razvodi-kaj-nas-i-vo-regionot-neverstva-obvinuvanja-za-fizichko-maltretiranje-04.jpg

Харис и Мелиса Џиновиќ

Пејачот и модната дизајнерка, која создава креации и за холивудските ѕвезди, неодамна открија дека ќе се разведуваат.

Уште во моментот кога се дозна за разводот, Харис почна јавно да „плука“ по својата 30 години помлада сопруга. Тој ја обвини и за неверство.

„Има една стара поговорка ‘изневерениот маж последен дознава’, некој тоа не го измислил за џабе. Не ме прашувајте ништо за разводот, прашајте ја Мелина, јас не ја оставив неа, туку таа ме остави, таа знае сè“, рекол Харис.

najburnite-estradni-razvodi-kaj-nas-i-vo-regionot-neverstva-obvinuvanja-za-fizichko-maltretiranje-02.jpg

Анѓелка и Дарио Прпиќ

Српската актерка Анѓелка Прпиќ помина низ големи премрежија, но и скандали во бракот со сопругот Дарио.

Регионалните медиуми пишуваа дека тој ја изневерил Анѓелка со ријалити ѕвездата Ава Карабатиќ, но актерката му го прости неверството.

Сепак, по 9 години брак од кој имаат син, тие решија да се разведат.

Брзо потоа, Анѓелка остана бремена од нивниот кум, Марио Жугиќ. Парот тајно се венча во 2023, по раѓањето на нивната ќерка.

najburnite-estradni-razvodi-kaj-nas-i-vo-regionot-neverstva-obvinuvanja-za-fizichko-maltretiranje-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Не жалам за парите, туку за непочитта“ - Харис Џиновиќ официјално се разведе од Мелина и проговори ... Разводот на Харис и Мелина Џиновиќ е официјализиран. Пејачот беше мета на критик...
Гласини дека беше во врска со Жељко Јоксимовиќ, заради љубов заврши во затвор – Се сеќавате ли на Ро... Во врвот на славата имаше гласини дека е во врска со Жељко Јоксимовиќ, потоа исч...
Бившиот ја изневерил со Едита, денес е среќно мажена со две деца - Што прави Ана Бебиќ од „Операција... Ја поврзуваа речиси со сите учесници во „Операција Триумф“, па потоа 6 години бе...
Ја „фатија“ во афера со фудбалер, па сега „ја омажија“ - Сите гласини за љубовниот живот на Ивана Ни... Минатага година се најде среде скандал кога сите српски таблоиди пишуваа дека ко...
Зошто Ана Михајловски ги тера сите жени да престанат да чистат дома? Ана Михајловски сними видео како ја чисти тоалетната школка, мести кревети, пушт...
„Зошто сум јас распуштеница?“ – Анѓелка Прпиќ за првпат ги прокоментира озборувањата за нејзиниот ра... „Зошто јас сум распуштеница, а разведениот маж не е ‘расупштенко’, туку зрел чов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg