Најбурните естрадни разводи во Македонија и регионот: Неверства, обвинувања за физичко насилство
Аца Лукас и Соња Вуксановиќ
Веста за разводот на пејачот и неговата сопруга Соња ја изненади јавноста, бидејќи делуваше дека имаат складен брак.
По разводот, во својата автобиографија Лукас напиша дека бракот се распаднал кога дознал дека Соња го изневерува со познат кошаркар.
Таа не му остана должна, па во интервју рече дека Аца ја изневерувал во текот на целиот брак, со многу жени, а една од нив била Ана Севиќ.
Наташа Беквалац и Лука Лазукиќ
Само 40 дена откако се роди нивната ќерка, Наташа Беквалац го пријави сопругот Лука Лазукиќ за семејно насилство, ги покажа модринките и откри дека се разведува третпат.
Лазукиќ доби условна казна од 8 месеци затоа што ја натепал пејачката.
Ана Николиќ и Стефан Ѓуриќ Раста
Ана и Раста се венчаа тајно, но по неколку години љубов се разведоа.
Иако делуваше дека ќе се разведат мирно, тие почнаа да ја вадат на површина „валканата облека“ и да откриваат детали од нивниот брак.
Во една пригода Ана призна и дека му го уништила автомобилот вреден 100.000 евра.
Гоца Тржан и Иван Маринковиќ
Пејачката и нејзиниот поранешен сопруг и денес водат „медиумска војна“, иако се разведоа во 2011 година.
Од првиот момент се обвинуваат еден со друг за разводот.
И Гоца и Иван тврдат дека биле изневерени, а Гоца го обвини Иван дека поради него влегла во долгови и дека бил со неа само поради парите.
А. Ј. | Црнобело
Фото: принтскрин Фејсбук/Инстаграм