Ја „фатија“ во афера со фудбалер, па сега „ја омажија“ - Сите гласини за љубовниот живот на Ивана Николиќ од Hurricane
- Детали
- недела, 29 септември 2024
Минатата година се најде среде скандал кога сите српски таблоиди пишуваа дека колешката Сандра Африка ја фатила гола во станот на дечкото, а сега наводно била 5 години во тајна врска со непознат дечко – Љубовниот живот на атрактивната Ивана Николиќ постојано е топ тема во таблоидите.
Српската пејачката Ивана Бум Николиќ (29) се прослави како членка на триото Hurricane кои настапија на Евровизија 2021, а нејзиниот љубовен живот отсекогаш бил предмет на интерес во српските медиуми, затоа што таа одбива да зборува јавно за него.
Иако вели дека сака еден ден да се оствари во улогата на мајка, таа се труди својот приватен живот да го чува подалеку од очите на јавноста, па заради тоа често за неа се шират гласини во таблоидите.
Претходно ја поврзуваа со српски политичар, потоа се пишуваше дека таа е среде скандал заради тоа што имала афера со познатиот српски фудбалер Владимир Волков, додека тој бил во врска со пејачката Сандра Африка, а сега се пишува дека таа 5 години била во тајна врска и ќе се омажи.
Минатата година во сите српски таблоиди се пишуваше дека пејачката Сандра Африка ја затекнала Ивана гола во станот на нејзиниот дечко, фудбалерот Владимир Волков, заради што раскинале.
„Дојдов пред неговиот стан, а потоа заѕвонив.
Девојката ми ја отвори вратата. Беше само во долна облека.
Таа се пофали со тоа дека таа сакала да ми отвори врата, а тој не сакал. Станува збор за девојка од јавната сцена“ – рече Сандра во една пригода.
Сандра потоа ѝ посвети песна на девојката со која дечкото ја изневерил, а на прашањето на новинарите упатено до Ивана, што мисли за песната, таа накратко рече:
„Кога сум со некого, јас сум со тоа момче.
Не сакам да ги делам мажите и не практикувам да го правам тоа.
Занимливо е, ја слушнав песната на Сандра и мислам дека ќе биде голем хит, а таа би требало да ѝ биде благодарна на другарката (што ѝ го украла дечкото)“.
Кон крајот на годината, Ивана беше снимена како оди во шопинг со еден маж, и иако првично се пишуваше дека тоа е дечкото што со години го крие, набрзо потоа заклучокот беше дека тоа ѝ е возачот, кој дошол со неа за да ѝ ги носи ќесите.
Потоа таа јавно зборуваше дека нема дечко и дека сите нејзини партнери не биле јавни личности, а сега сите српски таблоиди пишуваат дека пејачката ќе се мажи, а изјавите дека е сингл биле само маркетинг трик.
Според информациите до коишто дошол Informer.rs пејачката веќе пет години криела дека е во сериозна врска, затоа што се плашела дека тоа негативно ќе се одрази врз нејзината кариера.
Таа сметала дека интересот за неа значително ќе опадне ако се дознае дека е во сериозна врска.
„Дечкото на Ивана се вика Владо и не се занимава со јавна професија.
Тој е спортист, многу е убав и згоден, а долги години живееше во Обединетите Арапски Емирати, каде што работеше како личен тренер.
Заради неа се врати во Србија пред две години, кога почнаа да живеат заедно“ – пишува весникот повикувајќи се на сопствени извори.
Поранешната „ураганка“ засега не дала коментар за пишувањата, а според најновите гласини, таа и дечкото постојано биле заедно, па наводно тоа е истиот маж со кого таа беше уловена и за кој сите мислеа дека ѝ е возач.
„Владо ѝ купи свршенички прстен и тие двајца наскоро ќе застанат на лудиот камен. Како што ја кријат врската, така и венчавката најверојатно ќе биде тајна“ – пишуваат таблоидите.
Дали овојпат Ивана навистина ќе се омажи или и овојпат станува збор само за гласини, останува да видиме.
Б. С. Б. | Црнобело