Непрепознатлива пред естетските корекции, врска со политичар – Факти за Ивана од српската група Hurricane

Како изгледала Ивана Николиќ пред да направи естетски корекции на носот? Неодамна испливаа фотографии на кои се гледа драстичната промена на лицето на пејачката. Таа сама призна дека размислува за брак и за деца, а се шпекулира дека е во врска со политичар.

ispliva-nejzina-fotka-pred-estetskite-korekcii-velat-deka-e-vo-vrska-so-politichar-fakti-za-ivana-od-hurricane-01.jpg

Ивана Николиќ од српското трио Hurricane неодамна го прослави 27-иот роденден, а на Инстаграм сподели низа фотографии од забавата што се одржа во еден белградски локал каде беа собрани поголем број нејзини пријатели и колеги.

Важи за вистинска „бомба“ на српската естрада, а отворено признава дека правела естетски корекции на лицето и на градите.

Според фотографијата што неодамна исплива во српските медиуми може да се види дека Ивана направила драстични корекции на носот, за кои таа вели дека биле направени заради девијации.

Пред да почне да се занимава со пеење и пред да стане дел од триото Hurricane заедно со Сања Вучиќ и Ксенија Књежевиќ, Ивана се занимавала со танц и работела како модел.

Таа повеќепати била прогласена за државен првак во танц, а во 2017-та година се појавила во спотот „Mlada I luda“ на босанскиот рапер и продуцент Џала Брат.

Во последните неколку години е актуелна како членка на групата Hurricane, со која минатата година учествуваше и на Евровизија 2021, а постојано привлекува внимание во медиумите и заради приватниот живот.

Таа ретко говори за сопствениот приватен живот, но во една прилика откри како би сакала да изгледа нејзината свадба и што мисли за мајчинството.

„Размислував за свадбата кога бев помлада. Но, откако се посветив на кариерата, сѐ помалку мислам на тоа. Сакам деца и брак, заеднички живот, емотивно да се вложам во односот со партнерот. Веројатно наскоро ќе почнам да размислувам за тоа, не заради партнерот, туку заради моите години.

Сакам да имам голема венчавка со голем број гости, многу колеги и музичари. Би сакала еден ден да се остварам и како мајка.

Секој што ме познава знае дека кога ќе видам дете на улица морам да застанам, да се насмевнам и да прокоментирам нешто“ – вели таа во изјава за српските медиуми.

Иако отворено раскажа каква свадба би сакала, како и другите членки на Hurricane, таа речиси воопшто и да не говори за тоа со кого е во интимна врска.

Српските медиуми во последниот период шпекулираат дека Ивана е во врска со политичарот Андреј Бајец и дека со него очекува бебе.

neprepoznatliva-pred-estetskite-korekcii-vrska-so-politichar-fakti-za-ivana-od-srpskata-grupa-hurricane-02.jpgФото: Андреј Бајец - Фејсбук

Таа веднаш ги отфрли пишувањата дека е бремена, но не прокоментира ништо во однос на тоа дали е во врска со политичарот. 

Бајец има еден претходен брак од кој има и еден син, а наводно по негово барање врската со Ивана се чува во најголема тајност.

Ивана важи за една од најатрактивните русокоси на српската естрада.

Погледнете повеќе нејзини фотографии на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Татко ѝ ја напуштил на 3 години, се омажила на 19, наскоро ќе стане прабаба: Тешкиот живот на Кока о... Дипломирала два месеца по породувањето, на 45 години останала вдовица и веќе ник...
Не сака да гради кариера со скандали, гласини за афера со Милица Павловиќ – Факти за Мирза Селимовиќ Мирза Селимовиќ во моментов е еден од најпознатите музичари на нашите простори, ...
Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...
Гласини дека беше во врска со Жељко Јоксимовиќ, заради љубов заврши во затвор – Се сеќавате ли на Ро... Во врвот на славата имаше гласини дека е во врска со Жељко Јоксимовиќ, потоа исч...
Опасни животни што живеат во плитките води во грчките мориња – на што треба да внимавате? Освен што треба да се пазите од виолетови медузи и дракони, треба да внимавате и...
Едниот син таа го пронајде мртов, другиот се предозира во Израел: Трагедиите во семејството на Марин... Во 2008 година, ненадејно почина помладиот син на Марина Туцаковиќ. Во 2021-ва т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg