„Се прашувам каква мајка сум“ - Анѓелка Прпиќ го слави роденденот на синот од поранешниoт сопруг, кој ја изневери со Ава Карабатиќ
- Детали
- вторник, 08 август 2023
„11 години преиспитувања... Каква мајка сум, каде грешам и имам ли поправен испит...“ – ја започна својата емотивна објава Анѓелка Прпиќ по повод 11-иот роденден на синот Јакша. Актерката во мај ја доби ќерката Чарна, а се најде среде скандал кога се дозна дека е бремена од најдобриот пријател на нејзиниот поранешен сопруг.
Српската актерка Анѓелка Прпиќ на почетоткот на годинава се најде среде скандал кога се дозна дека е бремена од најдобриот пријател на нејзиниот поранешен сопруг Дарио Прпиќ, Марио.
Анѓелка и Марио во мај ја добија ќерката на која ѝ го дадоа името Чарна, а денес (08.08) по повод 11-иот роденден на синот Јакша таа објави емотивна порака на Инстаграм.
Свесна дека нејзиниот син веќе влегува во втората деценија од животот кога почнуваат тинејџерските години и допрва доаѓаат проблемите, таа напиша:
„11 години преиспитувања... Каква мајка сум, каде грешам и имам ли поправен испит... И чувствувам дека допрва ќе грешам.
А тогаш воздивнувам затоа што знам дека најдобро, најздраво и најубаво се расте со љубов... Затоа што тука сум велемајстор! Како и секоја мајка впрочем. Нека ми е среќен мојот најубав ден! Прв во низата...“ – напиша таа.
Додека Анѓелка го слави роденденот на синот и се труди максимално да го сочува својот приватен живот подалеку од очите на јавноста во некои од српските таблоиди сѐ уште не стивнува драмата и полемиката дали таа е виновна затоа што започнала врска со најдобриот пријател на нејзиниот сопруг.
Некои од нив ја потсетија јавноста дека токму нејзиниот поранешен сопруг, Дарио е тој што прв ја изневери актерката со хрватската старлета Ава Карабатиќ.
Во српските медиуми деновиве се пренесува изјавата на Ава Карабатиќ, која призна сѐ, само неколку дена откако се дозна за аферата:
„Да, вистина е. Тоа беше уште додека бев во врска, односно во 2017-та година. Не можам да се лажам себеси, а ниту вас. Се случи само еднаш. Колку и да ме обвинувате, никој не проживеал толку голема страст, како што јас го доживеав тоа со Прпиќ“ – рече старлетата.
Инаку, за потсетување, Анѓелка и Дарио беа во брак 9 години, но наводно тој бил љубоморен на нејзините колеги со кои таа снимала љубовни сцени, а ја изневерил со старелетата која била редовен гостин во неговиот ресторан во Белград.
Откако стивна скандалот со бременоста на Анѓелка, таа и нејзиниот поранешен сопруг се трудат да останат подалеку од страниците на таблоидите и избегнуваат да даваат изјави за јавноста.
Б. С. Б. | Црнобело