Ќерките на српските ѕвезди кои привлекуваат внимание со изгледот
- Детали
- сабота, 28 декември 2024
Ќерката на Миле Китиќ, Елена Китиќ, е впечатлива црнокоса убавица која гради музичка кариера. Како изгледа ќерката на Здравко Чолиќ, а како на Драган Бјелогрлиќ?
Српските јавни личности привлекуваат големо внимание, но исто така и нивните ќерки наследнички.
Некои веќе и самите изградија успешна кариера како Анастасија Ражнатовиќ и Луна Џогани, но други уште се докажуваат - некои на поле музика, други на поле мода, а трети во сосема поинаков правец.
Ќерките на српските ѕвезди кои привлекуваат внимание со изгледот:
Елена Китиќ, ќерка на Миле Китиќ
И таа гради музичка кариера, по стапките на нејзиниот татко. Многумина сметаат дека изгледот е нејзин најсилен адут,
Хелена Алексиќ (Топаловиќ), ќерка на Милан Топаловиќ Топалко
Постојано привлекува внимание со изгледот и на Инстаграм има повеќе од 261.00 следбеници. Родена е 1997 година, а во 2023-та се реализираше во улогата на мајка.
Миа Бјелогрлиќ, ќерка на Драган Бјелогрлиќ
Славниот актер и режисер има ќерка вистинска убавица, но не сака многу да зборува за приватниот живот. Миа сама цели на патот до успехот.
Aнастасија Ражнатовиќ, ќерка на Светлана Ражнатовиќ Цеца
Таа веќе има своја музичка кариера и често е во медиумите поради написите за бракот со фудбалерот Немања Гудељ.