Анастасија Ражнатовиќ (26) самоуверена без шминка, по емотивнaта роденденска честитка за Немања Гудељ (33)
- Детали
- недела, 01 декември 2024
„Што е сродна душа? Тоа е како најдобар пријател, па и повеќе“, гласи дел од емотивната објава на Анастасија Ражнатовиќ за нејзиниот сопруг, на која додаде: „Јас ќе бидам покрај тебе да те држам за рака до крајот на животот“.
Анастасија Ражнатовиќ, пред извесен период, по подолга музичка пауза и фокус на приватниот живот и бракот со фудбалерот Немања Гудељ, се врати на музичката сцена на голема врата, но тоа не значи дека го запостави приватниот живот.
Таа повторно секој слободен миг го минува со својот сакан и не пропушта пригода да истакне дека тој е нејзината сродна душа.
На 16-ти ноември, по повод 33-тиот роденден на Немања, Анастасија напиша:
„Среќен роденден мило, те сакам бескрајно! Бог нека те води и нека ти го благослови секој чекор што го правиш во животот и јас ќе бидам покрај тебе да те држам за рака до крајот на животот, поддржувајќи те во сè што правиш“.
Пејачката објави и видео од заеднички фотографии со сопругот, на кое пишува:
„Што е сродна душа? Тоа е како најдобар пријател, па и повеќе.
Тоа е таа личност која те знае подобро од што се знаеш ти самиот.
Некој кој те прави подобра личност, всушност не те прави, туку те инспирира ти самиот да станеш подобра личност“.
Кликнете на видеото:
Инаку, деновиве Анастасија позираше без грам шминка на лицето и со тоа испраќа порака до сите нејзини следбенички од понежниот пол дека самодовербата е најсилното „оружје“ на секоја жена.