„Бог да ни ја чува љубовта“ – Анастасија и Немања Гудељ прославија 1 година брак

„Нека Бог ни ги заштити нашата љубов и бракот до крајот на нашите животи“ – порачаа Анастасија и Немања Гудељ до фотката што ја објавија, по повод една година откако стапија во црковен брак.

bog-da-ni-ja-chuva-ljubovta-anastasija-i-nemanja-gudelj-proslavija-1-godina-brak-01.jpg

Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ вчера (14.07) одбележаа една година од денот кога во тајност направија црковна венчавка и прославија во нивниот дом во Севиља.

По тој повод, сега двајцата објавија заедничка фотографија со која го одбележаа важниот ден во нивните животи.

„Нека ни е среќна првата годишнина од бракот!

Нека Бог ни ги заштити нашата љубов и бракот до крајот на нашите животи. Те сакам“ – стои во описот до фотографијата што е објавена на Инстаграм профилите и на Немања и на Анастасија.

bog-da-ni-ja-chuva-ljubovta-anastasija-i-nemanja-gudelj-proslavija-1-godina-brak-02.jpg

Ќерката на Цеца Ражнатовиќ на фотографијата носи бикини од брендот Hunza.G кои се продаваат по цена од 165 евра, но ги комбинираше со ѓерданче што се продава по пристапна цена од само 6 евра.

Инаку, многу е веројатно оваа фотографија да била направена неодамна, кога парот заедно беше на одмор на Ибица, каде имаа можност да уживаат во забавите и концертите, па објавија уште една заедничка фотка.

bog-da-ni-ja-chuva-ljubovta-anastasija-i-nemanja-gudelj-proslavija-1-godina-brak-04.jpg

За потсетување, Анастасија и Немања стапија во црковен брак минатата година во Шпанија, а годинава во домот на Цеца направија веселба во рамки на која кажаа „да“ и пред матичар.

bog-da-ni-ja-chuva-ljubovta-anastasija-i-nemanja-gudelj-proslavija-1-godina-brak-05.jpg

Прочитајте и Цеца беше згрозена од нејзиното однесување на 14 години, спортистите ѝ беа слабост - Бурното љубовно минато на Анастасија Ражнатовиќ

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што знаеме за првата сопруга на Огњен Амиџиќ – Таа го запросила, ретко се појавувал со неа во јавнос... „Првиот пат стапив во брак затоа што мислев дека така треба, а не затоа што бев ...
На 86 години, Гркинката Анастасија едреше на даска од Кефалонија до Закинтос (фото) Анастасија од Грција има 86 години, но возраста не ја спречува да се посвети на ...
Му предложила брак на сопругот, по 1 година се развеле – Што знаеме за турската актерка Гозде Џигаџи... „Фала Богу – се разведов!“ Ова беше првата изјава што турската актерка Гозде Џиг...
Вељко и Богдана добија трет син - ако имаат четврто, ќе им биде последно „Слава му на Бога. Ми се роди третиот син, Исаија“, напиша синот на Цеца на Инст...
Бившата му родила син, додека тој бил во врска со друга – Љубовниот живот на Лука Јовиќ е како шпанс... Јавноста дозна дека на 22 години Лука Јовиќ стана татко и доби син, а само 4 мес...
Се преполови поради болеста, сакал да биде фудбалер: Животот на еден од најбогатите луѓе на Балканот... Кога пред неколку месеци Саша Поповиќ дозна дека има сериозен здравствен проблем...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg